Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АДКОМ бара помош од Владата, во спротивно најавува покачување на цените за комуналните услуги што ги нудат
Македонија

АДКОМ бара помош од Владата, во спротивно најавува покачување на цените за комуналните услуги што ги нудат

јули 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кое обединува 90 јавни комунални претпријатија даватели на комунални услуги на територијата на целата држава, апелира Владата да помогне во справувањето со последиците од економската криза која се чувствува и во нивното работење во спротивно најавуваат дека ќе мора да ги покачат цените на услугите што ги нудат.

„Поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија и растот на цената на горивата кој е речиси 100-процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење. Како претпријатија даватели на комунални и водоводни услуги имаме обврска спрема граѓаните да продолжиме да ги остваруваме услугите на потребното ниво и покрај сите макроекономски предизвици со кои се соочуваме, изјави Пеце Милевски претседател на АДКОМ пред повторно да поднесат барање до Владата за помош.

 

Тој нагласи дека повеќе години цената на услугите кои ги нудат за граѓаните е на исто ниво, а, како што рече, трошоците за електрична енергија се покачени од три до пет пати, додека цената на горивата се зголеми двојно во споредба од пред година и половина.

 

„Нашите биланси се на работ на издржливоста и во една таква ситуација излезот е или покачување на цената на услугите, што не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош од Владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот или прекинување на давање на услуги, рече Милевски.

 

Нагласи дека бараат Владата да им излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите, односно да ја покрие разликата меѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија. Посочи дека Владата, како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи, директно има импакт врз нивното работење и опстојување.

 

„Подготвени сме за средба на која ќе разговараме за критичната состојба на нашите претпријатија, бидејќи кризата го доведе во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги, истакна Милевски и додаде дека Владата веќе се обврза за секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот.

Побара Владата да ја има во предвид и, како што рече, најсуштествената област, а тоа е, посочи, цената за вода за пиење и собирањето на сметот. Со тоа, додаде, ќе се избегне уште еден ценовен удар кој би значел повисоки сметки за граѓаните на кој рече дека ќе бидат приморани членките на АДКОМ доколку нема слух за нивните барања.

Порача дека досега немале директна средба со Владата, но веќе имале поднесено барања до Владата и до ЗЕЛС за тоа и нагласи дека чекаат да остварат средба со владините претставници на која ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат. Најави дека ќе се трудат колку што можат за да не дојде до зголемување на цените за нивните услуги и посочи дека очекуваат поддршка од централната власт за да не дојде до тоа.

„Упатуваме апел за соработка, сакаме дијалог за да ја пребродиме што побрзо и што подобро оваа криза која според укажувањата не очекува сите нас, порача Милевски.

адком актуелно покачување помош цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.