Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Борел: Потребна ни е Северна Македонија за да го надополни сложениот идентитет на ЕУ
Македонија

Борел: Потребна ни е Северна Македонија за да го надополни сложениот идентитет на ЕУ

јули 19, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска е ден кога се постигнува клучен пробив за Северна Македонија и за Западниот Балкан, но и за ЕУ во целина, изјави во Брисел вискиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел на првата Меѓувладина конференција со која е отворен процесот на пристапни преговори на земјава со Унијата.

„Живееме во време на тектонски геополитички промени и се движиме кон стратшки и историски одлуки и гледаме стратешки промени во нашата околина, а Северна Македонија е дел од нив. Може да напредуваме само заедно со целосно интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ. Таа нема да биде целосна без Вас, додаде Борел.

Тој, како што јавува известувачот на МИА од Брисел, потенцирал дека живееме и во време на политики на идентитети, кои се тема што страствено се дискутира изминативе недели и месеци, нагласувајќи дека Северна Македониа со својот идентитет, култура и историја секогаш била дел од Европа.

„На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет. Никој од нас не го губи. Вам не ви требаат заклучоци од Советот за да го знаете тоа. Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен со другите идентитети, кои не се алтернативни, туку се надополнуваат. Затоа сме тука денес. Ни требате. Ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет. Потребни сме си едни на други затоа што заедно сме посолни, истакна Борел.

Тој потсети дека беше претседател на Европскиот парламент во 2005 година кога земјава го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ, за конечно сега – 17 години подоцна да сме сведоци на отпочнувањето на еден нов процес.

„Денеска Северна Македонија оди кон следната фаза од својот пат кон Европската унија. Живееме во клучни времиња и овој момент треба да биде искористен од Северна Македонија за да ги спроведе клучните реформи и ние ќе ве поддржиме на тој пат, рече Борел.

Тој нагласи дека со текот на пристапниот процес македонското општество ќе се трансформира и ќе се спроведат реформи што ќе донесат материјални продобивки за граѓаните, за што земјава ќе ја има целосната поддршка на ЕУ, како и за справување со последиците од руската агресија на Украина, пред се во безбедноста на енергетиката и храната.

Борел потсети и дека Северна Македонија е веќе стопроценти усогласена со надворешната политика на ЕУ, што, како што нагласи, јасно ја укажува стратешката насока на земјата.

 

ИЗВОР: МИА

 

актуелно Борел ЕУ идентитет македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.