Инфлацијата во јули во Франција забрза повеќе од очекуваното и достигна нови рекордни нивоа, пред се поради повисоките цени на енергијата и храната, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од францускиот национален завод за статистика Insee.
Потрошувачките цени се зголемија за 6,1 отсто на годишно ниво во јули, над растот од 5,8 отсто во јуни. Ова е повисоко од просечните очекувања на аналитичарите за раст од 6 проценти.
Нагорниот тренд на инфлацијата во голема мера беше поттикнат од скокот на трошоците за енергија од 28,7 отсто. По ова следува поскапување на храната за 6,7 отсто.
Зголемувањето на цената на услугите во врска со летниот период го поддржа и целокупниот раст на цените во јули.
Рекордна стапка на инфлација во ЕУ на месечно ниво, потрошувачките цени во јули се зголемија за 0,3 отсто, по растот од 0,7 отсто во претходниот месец, согласно очекувањата. Инфлацијата во ЕУ, исто така, порасна на нова рекордна стапка од 6,8 отсто во јули, наспроти 6,5 отсто во јуни. Очекуваната стапка беше 6,7 отсто.
Претходно, највисока инфлација од водење на евиденција беше во 1997 година. На месечно ниво, усогласениот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП) зајакна за 0,3 отсто во однос на јуни, кога бележи пораст од 0,9 отсто.
И ова е во согласност со прогнозите.







