Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Препораки на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања
Македонија

Препораки на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

август 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски
и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија
формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу
Република Северна Македонија и Република Бугарија.

 

Препораки за заедничко одбележување на историски личности:

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на
христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.

Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во
засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Северна Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.

До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се
истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св.
Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар Симеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура.

Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал,
како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св. Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици. Меѓу нив,
Св. Наум (околу 830-910) учествувал во Великоморавската мисија, од каде што по смртта
на Св. Методиј и прогонувањето на неговите ученици, тој пристигнал во средновековна
Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Плисковско-Преславската книжевна школа.

Околу 893 г. е испратен од цар Симеон во Охрид, каде што ја продолжува
просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа и гради
манастир на брегот на Охридското езеро, којшто денес го носи неговото име. По неговата смрт, култот на Св. Наум се утврдува на териториите на денешните држави Република Северна Македонија, Република Бугарија и соседните земји. Подоцна неговиот култ се распространува и кај дел од муслиманското население.

Просветителското дело и придонесот на Св. Наум за развојот на писменоста и културата
на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, им даваат основа на двете
земји да го негуваат споменот за неговото дело, преку заедничко одбележување при
соодветни годишнини и јубилеи.

ЦАР САМОИЛ

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од
современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на
денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и
населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави
Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна Македонија:

Заедничката комисија ги разгледа и анализира учебниците по историја за 5-ти клас на
Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна
Македонија и констатира извесни недостатоци односно можности за подобрување. Со
оглед на тоа, се препорачува избегнување на:

– неосновани историографски сугестии за античката историја,

– недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не
соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,

– фактографски непрецизности.

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:

1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад
од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе
создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.

2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“,
или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба
во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.

3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.

4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид
водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на
пример Дарданците).

5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и
поставените методски цели.

Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна
Македонија:

1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците
ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во
регионот.

2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска
држава содржат историски анахронизам.

3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и
средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна
Република Северна Македонија се неосновани.

4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку
соодветствуваат на конкретен временски период.

5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид
водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како
на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).

 

 

 

МИА

актуелно бугарска историски Комисија македонско прашања препорака
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.