Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Остар пад на акциите на азиските берзи
Берза

Остар пад на акциите на азиските берзи

октомври 12, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На азиските берзи денеска цените на акциите паднаа на најниско ниво во последните две години, поради продолжениот пад на Волстрит, нестабилноста на британскиот пазар на обврзници, посилниот долар во однос на јенот и забавувањето на глобалниот економски раст.

МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 7 часот беше намален за 0,5 отсто и падна близу најниското ниво во последните две години.

Истовремено, на Токиската берза, индексот Никеи зајакна за 0,05 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 0,5 отсто.

Во Шангај и Хонгконг тие паднаа меѓу 1,3 и 2 отсто.

На азиските пазари владее неизвесност поради низа лоши вести.

На Волстрит вчера, СиП 500 и Насдак паднаа петти ден по ред, бидејќи инвеститорите се несигурни непосредно пред извештај за инфлацијата во САД, што треба да се објави утре.

Се очекува дека инфлацијата малку ќе падне, на 8,1 отсто на годишна основа, додека базичната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на храната и енергијата, може да се зголеми од 6,3 на 6,5 отсто.

Инвеститорите се внимателни и заради тоа што наскоро почнува сезоната на објавување на кварталните деловни извештаи на компаниите.

Поради високата инфлација, зголемувањето на каматните стапки и забавувањето на економскиот раст, очекувањата се значително намалени во последните месеци.

Така, аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека заработките на компаниите од индексот СиП 500 во третото тромесечје пораснале за 4,1 отсто во однос на истиот период лани.

На почетокот на јули, пак, очекуваа раст на заработките за повеќе од 11 отсто.

На пазарите негативно влијаеше и вчерашната порака на британската централна банка до тамошните пензиски фондови дека до петок мора да го завршат усогласувањето на своите позиции, бидејќи тогаш банката ќе стави крај на својата вонредна програма за поттикнување на пазарот на обврзници.

Претходно, Британската асоцијација на пензиски фондови ја повика централната банка да ја продолжи програмата за купување обврзници до крајот на октомври.

Инвеститорите стравуваат дека без стимулација од централната банка, британскиот пазарот на обврзници повторно би можел да се најде под силен притисок, како што беше пред една недела.

Акционерите ги загрижи и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој вчера ја намали проценката за растот на светската економија во следната година, од 2,9 на 2,7 отсто, и предупреди дека, поради притисокот на високата инфлација, енергетската криза и растот каматните стапки, можна е рецесија на глобалната економија и нестабилност на финансиските пазари.

А, на девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна трет ден по ред, бидејќи американската валута се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 113,43 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 113,35 поени.

Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 145,70 на 146,20 јени, што е највисоко ниво од 1998 година.

Поради тоа, јапонските власти повторно, како и пред неколку недели, се заканија дека ќе интервенираат на пазарот.

Американската валута, пак, благо ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,9710 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 0,9685 долари.

И цените на нафтата паднаа трет ден по ред, што е резултат на корекција откако минатата недела скокнаа за повеќе од 10 отсто, благодарение на одлуката на ОПЕК и нејзините сојузници од картелот да го намалат производството во наредните месеци.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,50 отсто, на 93,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,80 отсто, на 88,65 долари.

Австралија актуелно берза долар јен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.