Судот во Мјанмар денеска ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи на три години затвор под обвинение дека примила поткуп.
Премиерката се соочува со најмалку 18 обвиненија, од корупција до кршење на изборните закони, што може да и донесе максимална казна од речиси 190 години.
Су Чи обвинувањата против неа ги нарече апсурдни и ја негираше вината.
Таа е во домашен притвор во главниот град Нејпјидо, а судењата се затворени за јавноста.
Најновото обвинение е поврзано со наводите дека Су Чи примила поткуп од бизнисмен.
Противниците на воената власт велат дека обвиненијата против Су Чи имаат за цел да ја спречат повторно да се вклучи во политиката и да се обиде да ја смени воената хунта која е на власт по минатогодишниот пуч.
(Фото: ЕПА)







