Поради превисоките цени на енергенсите и потребата да се заштеди струја, многу продавници во Австрија решија да го скратат работното време.
Во Грац, најголемата стоковна куќа во центарот на градот одлучи од понеделник до петок да работи половина час помалку, што значи дека наместо до 19 часот, ќе работи до 18:30 часот, соопшти директорот на таа компанија.
„Трошоците за струја годинава се зголемија за десет пати“, рече тој и додаде дека „половина од нив се за осветлување“.
Стоковната куќа, уверуваат од менаџментот, се затвора порано не само за да се заштеди струја, туку и затоа што во тоа време доаѓале се помалку муштерии.
Еден час од своето работно време скрати, уште пред неколку месеци, трговскиот центар во Лајбниц, и тоа, како што беше соопштено, поради огромниот раст на цената на гасот и претстојната грејна сезона.







