„Секој еден кој што смета дека тој, неговите пари, неговиот бизнис се поважни од судбините на два милиони граѓани на оваа држава – секако тоа треба да биде прекинато
Постојат структури коишто ги злоупотребуваат позициите во институциите, и пошироко, но ние мораме да најдеме јасни механизми кои што ќе придонесат сите овие негативни појави да бидат сузбиени, односно да бидат процесуирани.
Во однос на добивањето на лиценци за производство на медицински канабис, би истакнал дека пренагласено се влезе во тој бизнис.
Кога ќе се отворат нови можности во делот на бизнисот дали е тоа во делот со медицинскиот канабис или друго, сите мислат дека сега е моментот да направат одреден бизнис. Сега, еве, со соларната енергија и сите други активности кои ги имаме… Но, имаше многу недостатоци во овој дел и затоа беа одземени многу од лиценците.
Или треба да се донесе закон со кој што ќе се овозможи легално да се продаде тоа што ќе се произведе во овие фабрики за медицински канабис или ако не нуди државата таква можност од икс причини, тогаш не треба да се издаваат, туку треба да се одземат лиценците….“, истакна вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија „Телма“.








