Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Агонија на домаќините на Мундијалот: Храбрите Еквадорци го „разорија“ Катар на отворањето на Мундијалот
Фудбал

Агонија на домаќините на Мундијалот: Храбрите Еквадорци го „разорија“ Катар на отворањето на Мундијалот

ноември 21, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И дојде тој момент, планетата го дочека почетокот на фудбалскиот спектакл – Светското првенство и официјално ја здогледа „светлината на денот“! Се отвори со пресметка меѓу домашната репрезентација на Катар и Еквадор, во натпревар во кој домаќините беа поразени со резултат 2:0, но агонијата што ја доживеаја катарските навивачи во 90-те минути беше многу поболна од самиот резултат.

На стадионот „Ал Бајт“ мрежата се затресе веќе во 3. минута, но голот на Енеро Валенсија беше поништен по проверката во „ВАР собата“, поради минимален офсајд.

На почетокот се чинеше дека главниот судија Данијела Орсато направи голема грешка, но подоцна снимките покажаа дека сепак се работи за милиметарска недозволена позиција.

Тоа не ги спречи гостите, кои продолжија уште помотивирано да напаѓаат кон противничкиот гол. Наградата дојде во 14. минута, кога италијанскиот судија мораше да покаже на белата точка, откако катарскиот дефанзивец направи непромислен старт.

Одговорноста ја презеде 33-годишната Валенсија, ја испрати топката во една, голманот во друга страна, но сега немаше дилема, голот беше регуларен, а одличниот стрелец влезе во историјата како прв стрелец на Мундијалот во Катар.

Следеше затишје пред бура, период на игра кој се карактеризираше со рововска борба на средината на теренот и голем број дуели и остри стартови, а потоа повторно тој малиот Еквадорец стапи на сцена!

Валенсија извонредно се снајде во казнениот простор на домаќините по центаршутот на Пресијад, и со глава ја упати топката во мрежата на Катар. Ова беше она по што е познат поранешниот напаѓач на Вест Хем, каков одраз беше тоа, каква дуел игра, каква техника на удар со глава за момче високо само 177 см.

Со тој резултат се отиде во соблекувалните, а потоа следеше фудбалска „приспивна песна“, нешто што многумина би го нарекле „антифудбал“.

Катар не покажа желба да го загрози голот на гостите. Феликс Санчез загрижено ги гледаше своите играчи како летаргично и безидејно се движат по теренот, а Еквадор го смири темпото и шансата ја бараше од контра.

Публиката во Катар фрустрирана ги гледаше своите миленици кои не покажаа ни трошка ентузијазам и борбеност ниту за некаков чесен пораз.

Во вториот натпревар од оваа група силите ќе ги одмерат Сенегал и Холандија, а тој натпревар е закажан за денес од 17 часот.

Во второто коло на 25 ноември Еквадор ќе игра против Холандија, а Катар против Сенегал.

 

 

КАТАР – ЕКВАДОР 0:2

Стадион: „Ал Баит“, Гледачи: 60.000

Стрелци: Енер Валенсија 16. мин., 30 мин.

Катар (3-4-3): Ал Шеб – Ал Рави, Куки, Хасан – Педро Мигел, Будаиф, Хатем, Ахмед – Ал Хајдос, Афиф, Алмоез

Еквадор (4-4-2): Галиндез – Пресијадо, Торес, Хинсапи, Еступињан – Плата, Мендез, Каиседо, Ибара Мина – Валенсија, Естрада

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)

Валенсија еквадор Катар Мундијал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига

септември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.