Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За Скопје земјава има реална европска перспектива, реториката на Софија е во контекст на предизборната кампања
Македонија

За Скопје земјава има реална европска перспектива, реториката на Софија е во контекст на предизборната кампања

февруари 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Северна Македонија ги почна преговорите за членство во ЕУ и има јасна европска перспектива, смета Скопје. За Софија земјата е во состoјба на вето дури не се впишат Бугарите во Уставот на земјава.

Премиерот Димитар Ковачевски изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, дека земјава е во состојба на вето ја стави во контекст на изборите во Бугарија и порача дека за влез во ЕУ ние не преговараме со Бугарија, туку со Унијата во Брисел и вето нема да има, бидејќи ќе ги почнавме преговорите.

– Бугарија не би ја коментирал, бидејќи тие се наоѓаат во избори и таму секој дава изјава само за да собере глас плус. Кога ќе завршат изборите кај нив, во првата недела на април, ќе можеме да воспоставиме комуникација со новата влада, која што ќе ја изберат и да продолжиме со институционалната комуникација во делот на проектите кои што ги имаме на билатерално ниво, бидејќи ние со Бугарија не преговараме за влез во ЕУ. Ние преговараме со ЕУ во Брисел за влез во ЕУ. Вето нема да има бидејќи ние веќе ги почнавме преговорите, дециден е Ковачевски прашан за изјавата на Радев  дека преговорите не се започнати, а ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во нашиот Устав и оти земјата е „во состојба на вето“.

Ковачевски информира дека Северна Македонија го отпочна скринингот со ЕУ и веќе се наоѓаме во поодмината фаза од истиот, а сите извештаи се позитивни. Од него ќе произлезат патокази, меѓу кои и за правата на малцинствата и етничките заедници, којшто очекува дека ќе го исполниме на највисоко врвно ниво.

 – Ако се споредиме со која било држава во Европа, правата на помалите заедници кај нас се издигнати на највисоко  можно ниво. Бидејќи ние имаме изградено институции за правата на помалите заедници, имаме закони за остварување на правата на помалите заедници во делот на нивното рамноправно учество во јавната управа, употребата на јазиците итн. И тоа се однесува за сите. Ние имаме и Министерство кое се занимава со тие прашања. Затоа сметам дека барањето на кој било политичар во тој дел за нас не претставува никаков проблем со оглед на тоа дека правата кои ги имаат сите поединци или групи во оваа држава, а кои што не се дел од мнозинскиот народ, се на многу повисоко ниво од голем број држави во Европа, па и членки на ЕУ, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“ во Скопје.

На редовниот годишен состанок со шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и со резидентните амбасадори на земји членки на ЕУ, премиерот Ковачевски вчера доби уверување дека европската перспектива на земјата е реалност и може да смета на поддршката од европските партнери за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес. Било истакнато, меѓу другото, дека се почитува лидерството во напредокот на државата и во храбрите и мудри одлуки што се носат во таа насока и дека се вреднуваат постигнувањата на рефомски план.

– Отворени сме како Влада да ги зајакнеме капацитетите на Владата и да го зголемиме парламентарното мнозинство. Наши стратешки партнери се ЕУ и САД и ќе продолжиме да ја развиваме државата во таа насока, којашто носи сигурност и квалитетен живот на граѓаните, со фокус и кон сите реформи и во делот на владеењето на правото. Ние сме граѓанска држава, успешен пример на функционална, мултиетничка демократија, држава на рамноправни граѓани, со еднакви права и обврски и во тоа е нашата големина и вредност. Ќе продолжиме по патот напред, притоа, со категорична заштита на идентитетските одредници и на достоинството на граѓаните, истакнал Ковачевски.

Бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето, изјави дека „во моментов сме во состојба на вето.

– Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во Уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето, рече Радев.

Тој изјави дека иако темата за Северна Македонија не е на дневен ред на Советот, сепак ќе се обиде да го покрене прашањето за, како што рече, „зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Северна Македонија“ и ќе побара ЕУ да воведе мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавата на Радев дека сме во состојба на вето, и дека преговорите не се почнати, ја сметаат за потврда на тоа што го зборуваат. Воедно, потсетуваат дека се уште нема одговор од власта дали уставните измени се последното барање од Бугарија за прекин на блокадата.

-Од друга страна Бугарија со ваквите чекори го загрозува пријателството, рече на прес-конференција партискиот портпарол Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање.

Во меѓувреме, Комитетот на министри на Советот на Европа усвои Резолуција за националните малцинства во Северна Македонија со која паднаа во вода обвинувањата од страна на Бугарија дека во земјата се врши системска дискриминација врз малцинствата.

Резолуцијата содржи препораки за земјава дека треба да преземе дополнителни чекори кон унапредување на едно интегрирано општество базирано на почитување и доверба меѓу различните заедници, засилување на напорите за спречување случаи на кршење на човековите права од страна на полицијата против Ромите, подобрување на пристапот за ромските деца до квалитетно образование, а за жените Ромки пристап до здравствени услуги. Во неа не се споменува бугарското малцинство.

 Од МНР по повод Резолуцијата потенцираа дека земјата останува посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, и отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права.

Воедно, информираа дека во процесот на усвојување на Резолуцијата на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) за национални малцинства во Северна Македонија, биле поднесени многубројни амандмани од друга заинтересирана делегација, кои не наишле на поддршка од мнозинството земји членки. Аргументацијата на високото мнозинството претставници, меѓу останато, била дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку треба да се засноваат на принципите на меѓународното право и стандарди и објективните наоди на независните експерти кои ја одразуваат реалната состојба.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи деновиве изјави дека Бугарија се обидела со амандмани на Резолуцијата да се вметне формулација „системска дискриминација“, во контекст на бугарската заедница во земјата, но тоа не било прифатено од земјите-членки, бидејќи, според Османи, аргументите се на наша страна.

 

 

 

актуелно бугарија ЕУ перспектива скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.