Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

ноември 19, 2026

Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми

ноември 19, 2026

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки

ноември 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
  • Најава за истрага против семејството Трамп
  • СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните
  • ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”
  • Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЕРИЈА ПОТРЕСИ ВО ХРВАТСКА: „Земјата се тресе под нашите нозе“
Во Фокусот

СЕРИЈА ПОТРЕСИ ВО ХРВАТСКА: „Земјата се тресе под нашите нозе“

февруари 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Точно во 10.47 часот Хрватска вчера ја погоди силен потрес. Хрватската сеизмолошка слжба соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, а бил почувствуван низ целиот западен дел од државата.

„Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар на Крк. Магнитудата на потресот е 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил проценет на VI степени според ЕМС. Потресот е почувствуван долж хрватското крајбрежје“, се наведува во соопштението на Сеизмолошката служба.

„Не изгледаше безопасно, ни се затресе земјата под нозете и се слушна силен татнеж“, изјавил за „Јутарњи лист“ жител од Крк.

Началникот на Противпожарната бригата на приморско-горската жупанија, Младен Шчулац, вели дека не добиле информации за материјална штета, ниту пак дека има повредени. Им се јавувале, вели, само вознемирени граѓани за да дознаат што се случило.

„На Крк имаше многу тресење, но добра работа е што немаме ниту еден повик за интервенција. Луѓето, пред се, се јавуваат затоа што се вознемирени, веројатно има некоја пукнатина во зграда, но нема конкретни налози за излегување на терен. Секако дека луѓето се вознемирени, непријатно е кога земјата се тресе под твоите нозе. Сепак, среќата во целата приказна е што нема штета“, истакнува Шќулац.

Жителите од местата околу епицентарот известуваат дека целата работа траела околу 10 секунди и дека се тресела доста силно. Од западниот брег на Истра кажуваат дека исто така се почувствувало.

Клара Рожман, новинарка од „Јутарњи“ од Риека вели дека облакодерите во Риека се занишале. И во Ровињ потресот се почувствувал доста силно.

„Беше доста силно, доста се тресеше. Траеше меѓу пет и десет секунди – вели за „Јутарњи“ Едита од Ровињ.

Потресот се почувствувал и во Истра, но засега, според извештаите од надлежните служби, нема штети.

Дино Козлевац, главен началник на пожарникарската единица во истарската жупанија, истакнува дека сите пожарникари се ставени на готовност.

„Единствените пријави што ги имаме се оние на вознемирени граѓани кои не знаеле што се случува. Засега немаме пријавено штети, а нашите пожарникари се подготвени за се што може да биде потребно во следните неколку часа“, посочува Козлевац.

Уште се тресе

Во последните десет часа на Кварнер се забележани десетина земјотреси со јачина меѓу 2 и 3 степени по Рихтер или малку послаби, изјави утринава за ХТВ хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук.

Најсилниот потрес е регистриран во 3.17 часот и бил со јачина од 2,7 степени.

Инаку, после вчерашниот земјотресот што се случи во 10.47 часот и беше со магнитуда од 4,8 степени, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа низа последователни потреси, од кои пет беа со јачина меѓу 2,0 и 3,0 степени, а уште дваесет со јачина меѓу 1,0 и 2,0 степени.

„Формиравме неколку екипи, кои денеска и утре ќе бидат прво во потесното, а потоа и во поширокото епицентрално подрачје.

Поставуваме инструменти, погуста мрежа за да ја собереме целата сеизмичка активност. Еден тим макросеизмички ќе истражува како главниот земјотрес се манифестирал на пошироко подрачје“, објасни Кук. „Нови лист“ објави дека денеска нема да има настава во основното училиште „Фран Крсто Франкопан“ на Крк и во неговите подрачни училишта поради статичка проверка на безбедноста на објектите.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Курир.рс)

Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026

Силна атлантска бура „Чарлс“: Португалија ги затвори речиси сите училишта и јавни служби

ноември 12, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.