„Самсунг Електроникс“ е препознатлив по својата водечка позиција и извонредност на глобалниот пазар.
Според истражувањето на пазарот направени од, за таа намена, специјализираната фирма „Омдиа“, „Самсунг“ повторно се најде на врвот на светскиот пазар за телевизори за 2022 година, што ја прави компанијата број еден во ТВ индустријата 17-та година по ред.
Ова достигнување може да се припише на континуираната посветеност на компанијата за создавање на врвно искуство за гледање и дизајн фокусирани на корисникот.
Давајќи предност на своето премиум портфолио на производи, „Самсунг“ го задржа лидерство во ТВ индустријата импресивни 17 години, што најдобро покажува неговата линија на „Нео КуЛЕД“ (Neo QLED) телевизори.
Во 2022 година, „Самсунг“ продаде неверојатни 9,65 милиони „КуЛЕД“ и „Нео КуЛЕД“ телевизори, со што кумулативната продажба ја зголеми на 35 милиони уреди од нивното претставување во 2017 година.
Минатата година, исто така, доминираше на пазарот во сегментот на ултра големи телевизори, со пазарен удел од 36,1% и 42,9% за телевизори поголеми од 75 инчи, односно 80 инчи.
За пазарот на премиум телевизори, чија цена е поголема од 2.500 долари, „Самсунг“ го задржа најголемиот пазарен удел според приходите, од 48,6%.
„Нашата водечка позиција во индустријата во изминатите 17 години е овозможена со континуираната лојалност и доверба на нашите корисници во нашите производи. Ќе продолжиме да го градиме патот за создавање на најнеобични доживувања со уредите кои го надминуваат врвниот квалитет на сликата“, рече Чеолги Ким, извршен потпретседател на Одделот за визуелни дисплеи во „Самсунг Електроникс“.







