Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европа безглаво оди во „граѓанска војна“ поради моторите со внатрешно согорување
Економија

Европа безглаво оди во „граѓанска војна“ поради моторите со внатрешно согорување

март 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иднината на моторите со внатрешно согорување прераснува во француско-германска војна, пишува „Политико“.

Сојузот на земји кои поддржуваат автомобили со мотори со внатрешно согорување, предводен од Германија, го заостри спорот околу европскиот закон со кој тие мотори ќе се испраќаат на депониите во рамки на историските настојувања да се намалат емисиите на стакленички гасови од сообраќајот.

По состанокот во Стразбур, клучните министри од таа група земји рекоа дека треба да се сменат правилата со кои ќе се забрани продажбата на нови автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, што веќе е прифатено од Европскиот парламент и начелно договорено од земјите-членки.

„Нема предлог (од Европската комисија) што одговара на тоа што го очекуваме и затоа се уште не сме ја постигнале целта“, изјави по состанокот германскиот министер за транспорт Волкер Висинг.

Но, Франција не сака да се предаде.

Париз најави дека ќе се придржува до планот на ЕУ да постигне нулта стапка на емисии од новите автомобили и комбиња до 2035 година. Истото го мисли и официјален Мадрид, што значи дека овие две земји, кои се меѓу најголемите производители на автомобили во Европа, се приклучија на групата помали земји кои веќе се обврзаа да ги намалат емисиите на CO2 од патничките возила.

Подготвени сме да се бориме за тоа, бидејќи одложувањето би било грешка во еколошка смисла, а мислам и економска грешка“, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

Во спротивниот агол е германската Влада, која, заедно со сојузниците Италија, Полска, Бугарија и Чешка, се залага за тоа со дупка во законот да се овозможи на автомобилите да користат е-горива, синтетичка и во одредена мерка позелена алтернатива на фосилните горива што може да се се користат во конвенционалните мотори со внатрешно согорување.

Заедно тие имаат доволно тежина за да го блокираат законот, во пакет со другите идни закони за отровните емисии од автомобили наречени Еуро 7 и правилата за поекономично гориво за камионите.

Не сите се грижат за е-горивата како Германците, изјави чешкиот министер за транспорт Мартин Купка, кој го свика самитот на сојузот за мотори во Стразбур, но списокот со барања за Комисијата ќе ги опфати сите три закони и ќе биде испратен во наредните денови.

Договорот виси во воздух

Германија веќе го отфрли првиот предлог на Брисел за постигнување примирје за целта до 2035 година.

„Политико“ минатата недела објави дека Комисијата е подготвена да предложи правна декларација што ќе создаде законска дупка за е-горивата со зајакнување на необврзувачките одредби на маргините на договорениот текст за стандардите за емисија на CO2 од автомобилите и комбињата од 2035 година.

Но, тоа не му одговараше на Берлин, каде Слободната демократска партија (ФДП), која поддржува автомобили со мотори со внатрешно согорување, го контролира Министерството за транспорт.

ФДП смета дека отворила важно политичко прашање слушајќи ги стравувањата поради болната промена што ќе ја придружува транзицијата кон електрични возила, што ќе значи затворање на стотици компании специјализирани за делови за мотори со внатрешно согорување за кои нема место во светот на електрични возила.

„Предлогот на комисијата е формулиран толку претпазливо што не може многу да се направи со него. Тој ги одложува работите многу далеку во иднината. Не сакаме толку слаб компромис“, рече Бернд Ројтер, портпарол на ФДП за транспортна политика.

Комисијата има мал простор за маневрирање за да постигне договор, бидејќи Европскиот парламент рече дека нема повторно да го отвори конечниот текст договорен минатата година. А има уште многу малку време до европските избори следната година.”

„Не можеме ни да си дозволиме да бидеме доведени во временски стисок бидејќи не го оставивме прашањето отворено со месеци“, рече Висинг, тврдејќи дека Комисијата требаше да го реши ова прашање минатото лето.

Беа отфрлени и предлозите за формирање работна група која ќе ги разгледа опциите за е-гориво и ќе се согласи за повторно разгледување на законот во 2026 година, како што е вообичаена практика за законите на ЕУ. „Тие не се она што ни треба“, рече Висинг.

Ројтер од ФДП сака целосно посебен закон за е-горива што ќе ги надмине стандардите за ефикасност на возилата; но за да се подготви е потребно време и не постои гаранција дека Европскиот парламент и другите земји на крајот би го прифатиле.

Чешкиот министер Купка рече дека министрите кои поддржуваат мотори со внатрешно согорување се уверени дека може да се постигне договор со Комисијата во наредните денови, вклучително и „правно обврзувачко изземање на други начини, а не со повторно отворање на законот“.

Континентален расцеп

Но, Франција не е заинтересирана за промена на мерката, за чиј договор требаа речиси две години тешки преговори и која беше финализирана за време на француското претседателство со Советот на ЕУ минатата година. Мерката сè уште треба официјално да биде потврдена од министрите на земјите-членки (Советот на ЕУ) за да стане закон.

„Одложувањето на планот „не е економски кохерентно, тоа е индустриски опасно, не е во наш национален интерес, не е во интерес на нашите национални производители и пред се не е во интерес на планетата“, рече Ле Мер.

Во спорот, Франција им се придружува на другите земји кои ја поддржуваат целта за чисти автомобили до 2035 година, како што се Шпанија, Белгија, Шведска, Данска, Ирска и Холандија.

Спорот ја поткопува желбата на Европа да биде глобален лидер во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и ризикува да се прелее во пошироки дебати за рамнотежата на силите во европската политика.

„За Французите оваа ситуација е исто така можност“, рече еден дипломат од земја која поддржува забрана за мотори со внатрешно согорување.

„Колку повеќе можат да придонесат за идејата дека Германија е осамена, толку повеќе ќе го зајакнат ставот дека Германците се несигурен партнер во Европа.

Наместо да ја штити застарената технологија, Ле Мер сака европските производители на автомобили брзо да преминат кон електрични возила и ги поддржува огромните државни субвенции на Франција за електрични возила и напорите на ЕУ да инвестира милијарди во изградба на европска индустрија за батерии.

За Ле Мер, поважно е да се забрза преминот кон електрични возила колку што е можно повеќе отколку да се забави темпото на транзицијата со создавање неизвесност за 2035 година.

„Не можеме да кажеме дека има климатска криза – што е точно, што сите го знаеме во нашите градови, во нашите метрополи, кои се уште се премногу загадени – и потоа да се повлечеме во врска со целта за поминување на електрични возила“, рече Ле Мер.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно граѓанска војна Европа мотори согорување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.