Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОПСАДНА СОСТОЈБА НА МЕНХЕТЕН: Трамп денеска доаѓа на суд, обвинението е многу посериозно отколку што изгледаше
СВЕТ

ОПСАДНА СОСТОЈБА НА МЕНХЕТЕН: Трамп денеска доаѓа на суд, обвинението е многу посериозно отколку што изгледаше

април 4, 2023Updated:април 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доналд Трамп, поранешниот претседател и фаворит за републикански кандидат за претседателските избори во 2024 година, денес ќе се појави на суд, каде што ќе биде запознаен со обвинението, ќе му бидат земени отпечатоци од прсти и ќе го фотографираат за евиденција и ќе се произнесе за вината што за Америка е историски момент.

Минатата недела против Трамп беше подигнато обвинение, со што стана првиот претседател или поранешен претседател кој се соочи со обвинување дека сторил кривични дела, заради исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за нејзиното молчење за нејзината врска со него.

Трамп тврди дека е невин и ќе се изјасни за невин на суд.

Поранешниот американски претседател денеска ќе се појави во судот под силно обезбедување, бидејќи се очекуваат демонстрации за и против човекот кој ги налути либералите и некои глобални сојузници, но е пофален од многу бели Американци и конзервативни христијански гласачи.

„Мораме да ја вратиме нашата земја и да ја направиме Америка повторно голема!“, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“ вчера, веднаш по пристигнувањето во Њујорк од Флорида, повикувајќи ги поддржувачите да донираат за неговата кампања.

Судењето, во рамки на кое Трамп ќе ги слуша обвиненијата во судницата и ќе има можност да се произнесе за вината, е закажано во 20:15 часот по средноевропско време.

Адвокатите на обвинетиот се спротивставија на снимање, фотографирање и радио емитувањето од рочиштето, велејќи дека тоа „ќе ја влоши и онака готово циркуската атмосфера околу овој случај“ и ќе го намали достоинството и пристојноста на постапката.

Судијата Хуан Мерчан доцна вчера одлучи дека на пет фотографи ќе им биде дозволено да бидат во судницата пред почетокот на рочиштето за да сликаат неколку минути, а на камерите ќе биде дозволен пристапот во ходниците на зградата.

Окружниот обвинител Алвин Брег, демократ, кој ја водеше истрагата, ќе одржи прес-конференција по сослушувањето.

Трамп веднаш ќе се врати на Флорида и ќе и се обрати на јавноста од Мар-а-Лаго во 20.15 часот по локално време (ноќва, во 2.15 часот по средноевропско време), соопштија од неговиот кабинет.

Конкретните точки во обвинението кои ги потврди големата порота се очекува да бидат објавени дерес.

Трамп и неговите сојузници ги опишаа наводите како политички мотивирани.

„Јаху њус“ (Yahoo News) објави доцна синоќа дека Трамп ќе се соочи со 34 точки од обвинението за фалсификување деловнна документација.

Цитирајќи само еден извор, „Јаху“ соопшти дека ниту едно од обвинувањата против Трамп не е прекршок, туку сите се кривични дела.

Во текот на викендот, полицијата почна да поставува барикади во близина на „Кулата Трамп“, каде што Трамп преноќи откако долета од Флорида, и пред Кривичниот суд на Менхетен, а протести се очекуваат на двете локации.

Градоначалникот ги предупреди потенцијалните бунтовници да се однесуваат учтиво.

„Нашата порака е јасна и едноставна: Контролирајте се. Њујорк е нашиот дом, а не игралиште за вашиот промашен гнев“, рече Ерик Адамс.

Запрашан дали е загрижен за можни немири, претседателот Џо Бајден, демократ, за кој се очекува дека ќе побара реизбор и ќе се соочи со Трамп, рече: „Не, јас верувам во Њујоршката полиција“.

Случајот ги подели луѓето во Њујорк, каде што името на Трамп стои на зградите поврзани со неговите деловни потфати.

„Ова е одличен ден. Се надевам дека ќе помине добро и дека тој на крајот ќе биде прогласен за виновен“, рече вчера жителот на Њу Џерси, Роберт Хоатсон (71), пред „Кулата Трамп“.

Но, поддржувачот на Трамп, Сузан Милер, потпрена на металните бариери на „5-та авенија“ вчера вечерта рече дека се надева оти покажувањето на поддршка „ќе му даде сила кога ќе тргне… во битката“.

„Нема пофер и почесен“, рече таа и додаде дека планира да биде таму и денес.

Водството на Трамп се зголеми во однос на неговите ривали во трката за претседателска номинација од Републиканската партија, според анкетата на Ројтерс објавена вчера, откако се појавија вести дека ќе се соочи со обвиненија за кривични дела.

48 отсто од републиканците велат дека сакаат Трамп да биде кандидат на нивната партија за претседател, што е пораст во однос на 44 отсто во анкетата спроведена од 14 до 20 март.

Второрангираниот, гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, падна од 30 отсто на околу 19 отсто.

Големата порота на Менхетен, која го обвини Трамп, со месеци слушаше докази за исплата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи во последните денови од претседателската кампања во 2016 година.

Даниелс рече дека била платена да молчи за сексуалната „средба“ што ја имала со Трамп во хотел во Лејк Тахо во 2006 година. Трамп негира дека имал таков однос со неа.

Обвинението, па дури да има и пресуда, законски не го спречува на Трамп да се кандидира за претседател.

За да го зајакне својот правен тим, Трамп го ангажираше Тод Бланш, истакнат кривичен адвокат и поранешен федерален обвинител.

Истрагата на Менхетен е само еден од неколкуте правни предизвици со кои се соочува Трамп.

Тој, исто така, се соочува со посебна кривична истрага за тоа дали незаконски се обидел да го поништи својот пораз на изборите во 2020 година во Џорџија, и со уште две специјални истраги, вклучително и една за негово постапување со доверливи државни документи по заминувањето од функцијата.

Потенцијалното судење за сегашниов случај би можело да се одржи дури за една година, велат правни експерти, што значи дека може да се одржи за време или после претседателската кампања.

„Одборот што ја води кампањата на Трамп собра 7 милиони долари за само три дена, после објавувањето на веста за обвинението минатиот четврток“, рече неговиот советник Џејсон Милер.

Во 2018 година, Трамп првично оспоруваше дека знае нешто за исплатата на Даниелс.

Подоцна призна дека му ги надоместил парите на Коен од исплатата, која ја нарече „едноставна приватна трансакција“.

Во 2018 година, Коен се изјасни за виновен за кршење на законите за финансирање на кампањата за неговата улога во договарањето исплати на Даниелс и беше осуден на три години затвор.

Посведочи дека Трамп го упатил да ги изврши плаќањата.

Коен сведочеше во март и пред големата порота на Менхетен која го истражуваше Трамп.

По обвинението на Трамп, тој за Ројтерс изјави: „Решив дека нема да дозволам историјата да ме памети како негативец во неговата приказна“.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно њујорк суд Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.