Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Германија: Проблеми со визите за странски работници
СВЕТ

Германија: Проблеми со визите за странски работници

април 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дојче Веле

Многу хотели и ресторани во Германија бараат работници, а се чини дека локалната работна сила не е заинтересирана за ваков вид работа. Помош би можела да дојде и од странство, доколку администрацијата не беше толку бавна со издавањето визи.

Германците повеќе не сакаат да работат во угостителството – вели Мук Рерл, сопственик на семеен ресторан кој е отворен во далечната 1658 година и се рекламира како „најстариот ресторан во светот“. Затоа, Рерл барал работници во странство и на крајот ги нашол. И тоа во Африка.

Осум месеци чекање за виза

Но, патот беше трнлив. Планот бил тројца млади Камерунци да почнат со работа во септември минатата година. Иако барањето било доставено до германската дипломатска мисија уште во јуни, визите пристигнале дури во септември годинава.

– Се разбира, кога работите одат вака, не можете да планирате, вели Рерл. Ова не е проблем само за него како претприемач.

Во меѓувреме, сопственикот на апартаните во кои требало да бидат сместени работниците се заканил дека ќе ги изнајми на друг. И на крајот на краиштата, неколкумесечните доцнења, како во овој случај, повлекуваат и организациски проблеми во стручното училиште.

Ова не е изолиран случај. Иако потребите за персонал во хотелиерството и угостителството можат да ги задоволат многу кандидати од други земји, тешко е да се усогласат понудата и побарувачката.

– Многу важна спорна точка е прашањето за визите, вели Сандра Варден, директорка на Германската асоцијација на хотели и ресторани (ДЕХОГА).

Лотарија за визи

Во некои балкански земји, на пример, бројот на барања за визи во некои случаи е 150 пати поголем од бројот на термини што ги нудат дипломатските претставништва. На Балканот има десетици, можеби и стотици илјади луѓе кои веќе нашле работодавач во Германија кој би ги прифатил, но не можат да аплицираат за виза затоа што едноставно не можат да дојдат на ред.

Поради големиот број барања, германската амбасада во Приштина сега дури и соработува со приватна компанија во обработката на податоците. Поради големиот број барања, таму од декември дури се применува и метод на лотарија: кој е извлечен, добива термин. Оние кои немаат среќа остануваат без виза во пасошот.

Побарувачката за визи во Западен Балкан е особено голема поради правилата кои од 2016 година им дозволуваат на оние кои немаат квалификации да емигрираат во Германија. Единствениот услов е договор за вработување.

„Овде се работи за особено еклатантни примери“, вели Варден. „Но, има и други делови од светот каде што се јавува проблемот. На пример, во Индија, Кина и Југоисточна Азија. Во основа, забележлива е шема која се повторува: дипломатските мисии не се гледаат себеси како тела надлежни за култура на добредојде и небирократско издавање визи. „Често преовладува негативен став: „О Боже, сите сакаат да одат во Германија?!“

Веројатно и летово многу работни места ќе останат непополнети

Недостигот на кадар во хотелиерството и угостителството не е нова појава, но состојбата драстично се влоши за време на пандемијата на коронавирусот, особено во угостителството. Минатата година недостигот на кадар изнесуваше 11,8 отсто, се вели во соопштението што неодамна го објави Федералната агенција за статистика.

Условите за работа се тешки, а многу работни места во индустријата се „ментално и физички исцрпувачки“, вели Варден. Но, од друга страна, лани платите во некои случаи пораснале и за над 10 проценти. И покрај ова, се очекува летово многу работни места да останат непополнети. Научниците и квалификуваните работници од странство би можеле да го решат тој проблем. Само да не беше толку комплицирано.

Во Министерството за надворешни работи се свесни за овие проблеми. „Веќе го решивме проблемот со делумно долго чекање и долготрајното процесирање на барањата за виза за квалификувани работници и за вработување“, се вели во одговорот на нашето прашање. „Во последните неколку месеци направивме акциски план за забрзување на визниот режим, во кој ги дефиниравме мерките неопходни за подобрување на ситуацијата“.

Тоа што МНР може да го спроведе во рамките на својата надлежност се решава директно. Тоа на пример вклучува дигитализација на процесот за  аплицирање. МНР посочува и на новиот закон за имиграција на квалификувани работници, кој во моментов е во собраниска процедура. Партиите од владејачката коалиција, Социјалдемократите, Либералите и Зелените во коалицискиот договор веќе се изјаснија: „Сакаме да го забрзаме издавањето на визите и да го дигитализираме процесот на издавање“.

Не се работи само за забрзување на процесот

За угостителот Мук Рерл од Ајлсбрун, сепак, не се работи само за брзина, туку и за транспарентност. Едноставно недостасуваат веродостојни информации за очекуваното времетраење на визниот процес. Амбасадите се недостапни, а на прашањата преку електронска пошта нема одговор.

„Не се работи само за фактот дека работите мора да одат побрзо“, вели Рерл. „Мора да се создаде ситуација во која ќе може да се планира. Ако знам дека ќе трае половина година, тогаш можам да се подготвам за тоа.

 

ИЗВОР: МИА

Фото: Интернет, Фејсбук

актуелно визи германија странски работници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.