Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Продолжуваме со Стратешкиот дијалог со САД
Македонија

Спасовски: Продолжуваме со Стратешкиот дијалог со САД

јули 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

„Почитувани пријатели од Соединетите Американски Држави, Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на независноста на САД, со желби за континуирани просперитет и благосостојба на пријателскиот американски народ. Оваа година нашите американски пријатели ја одбележуваат 247-та годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност од 4 Јули, 1776 година – денот кога храбрите американски татковци одлучија да ја земат судбината во свои раце и да работат кон изградба на земја која ќе им овозможи ним и на идните генерации Американци да живеат во мир и слобода, напиша Спасовски на Фејсбук.

Според него, Америка е идеја за прогрес, избор на можности, заштита на ранливите категории граѓани, контрола над оние со моќ, но и гарант на правдата.

„Американскиот патриотизам се базира на принципи според кои ниту една личност, ниту една партија, ниту една група на интерес не може да биде над Америка. Тоа е американската приказна. И, долга е низата на патриоти кои ги положиле животите во име на таа света чест за одбрана на оваа нација и на демократијата ширум светот – за слобода, за мир и безбедност, за нови можности, за каузата за правда, или ако сакате – за самата душа на САД – демократијата, наведува Спасовски.

Министерот за внатрешни работи потенцира дека американската демократија е водечка инспирација за демократиите на глобално ниво, а нам, како што наведува, ни претставува особена чест и задоволство што сме стратешки партнери, и што трансатлантската соработка ја унапредуваме како сојузници во НАТО.

„Водени од вредностите кои татковците на САД ги поставиле како темел на американската нација, ние, граѓаните на Република Северна Македонија, ја креираме нашата сегашност и ги поставуваме перспективите токму на тие темели на слобода, еднаквост, правдина. И токму тука се гледа и поддршката на вистинските пријатели – неизмерно сме благодарни на САД кои преку Амбасадата на САД во нашата земја ни пружаат неизмерна поддршка во развојот на нашата демократија, безбедност, економија, социјала, напиша Спасовски на Фејсбук.

Според Спасовски, денес сме најбезбедна земја на Западен Балкан, со одржлив мир и заштитени права на секој еден наш граѓанин, без разлика на националната, верската или друга припадност.

„Република Македонија денес има исклучително добра етаблираност на меѓународно ниво, со висок углед кај сите релевантни регионални и меѓународни организации и иницијативи, за што без дилема придонесе подадената рака на американските пријатели. Со силна увереност дека и во периодот кој следи, а е од исклучителна важност за нашата земја, ја имаме директната и недвосмислена поддршка од САД – обединети да работиме кон гарантирање на европската иднина на државата, секогаш водејќи се од премисата дека никој не е над државата, над интересите на граѓаните, посочува Спасовски.

Продолжуваме со Стратешкиот дијалог со САД за, како што напиша, уште поблиска и посуштествена соработка, со заеднички напори да градиме отпорност кон сите закани, да ја продлабочуваме соработката во сите области од заемен интерес и заеднички да придонесуваме за просперитет на регионот и на светот. 

Фото: Фејсбук на министерот Спасовски 

актуелно дијалог САД Спасовски стратешки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.