На Волстрит вчера берзанските индекси благо пораснаа, благодарение на растот на цените на акциите на „Тесла“ и на неколку банки, а прометот беше скромен заради скратеното тргување во пресрет на празникот.
Дау Џонс за 0,03 отсто, на 34.418 поени, додека СиП 500 порасна за 0,12 отсто, на 4.455 поени, а индексот Насдак за 0,21 отсто, на 13.816 поени.
Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на „Тесла“, со скок на цената од речиси 7 отсто, откако производителот на електрични автомобили извести за рекордна продажба на возила во вториот квартал.
СиП индексот на банкарскиот сектор, пак, порасна за 1,5 отсто, затоа што некои банки најавија поголеми дивиденди, откако неодамна го поминаа вообичаениот годишен „стрес тест“.
Обемот на тргување беше скромен бидејќи работата беше скратена во пресрет на празникот – Денот на независноста.
Од почетокот на годината Дау Џонс порасна за 3,8 отсто, додека СиП 500 скокна за речиси 16 отсто, а Насдак за повеќе од 31 отсто, најмногу благодарение на надежите на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на зголемувањето на каматите.
Но, се поставува прашањето дали овој пораст на индексите е оправдан со оглед на тоа што растот на економиите забавува, што ќе ја притисне заработката на компаниите, додека централните банки сигнализираат натамошно зголемување на каматите во наредните месеци, бидејќи инфлацијата сè уште се движи далеку над зацртаните нивоа.

А, на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонски ФТСЕ индекс ослабе за 0,06 отсто, на 7.527 поени, додека франкфуртски ДАКС се лизна за 0,41 отсто, на 16.081 поен, а париски ЦАЦ 0,18 отсто, на 7.386 поени.