Како што се ближат претседателските избори во Америка, така кампањите на републиканскиот табор насочени на дискредититање на Џо Бајден стануваат се поинтересни.
Минатата недела американските новинарски страници ги полнеа гневни испади на американскиот претседател.
Јавноста, така, можеше да прочита дека „заспаниот Џо“ всушност го крие својот бурен темперамент и приватно толку многу се нафрла врз своите соработници што тие, според наводите во текстот, се плашеле да одат на состаноци со него.
После таа сензација, со која беше открина непозната страна на карактерот на Бајден, неколку дена подоцна се отвори темата за непризнатата внука на Бајден.
Обидувајќи се да го претстават Бајден како лицемерен дедо, републиканците ги доведоа во прашање неговите семејни вредности и му рекоа дека треба да ја признае сопствената внука.
Џо Бајден често нагласува дека има шест внуци, со кои секојдневно разговара.
Меѓутоа, американскиот претседател е всушност дедо на седум внуци. Внуката што не ја признава е четиригодишната Нејви Џоан Робертс, ќерка на неговиот син Хантер и поранешната стриптизета Ланден Робертс.
Хантер Бајден, проблематичниот син на американскиот претседател, во своите мемоари вели дека не се сеќава на аферата бидејќи во тоа време бил зависник од алкохол и дрога. Татковството е потврдено пред судот во Арканзас минатата година и Хантер оттогаш плаќа алиментација од 20.000 долари месечно. Меѓутоа, во јавноста, Бајден, ниту претседателот ниту неговиот син, никогаш не зборуваат за Нејви како за своја внука или пак ќерка.
„Мислам дека тоа е проблем затоа што го поткопува неговиот имиџ како добар и семеен човек. Тоа ја поткопува неговата најголема сила. Гласачите би можеле да размислуваат за тоа зошто тој не би ја запознал својата внука. И тоа е нешто што го нарушува неговиот имиџ“, изјави за „Месинџер“ демократскиот стратег Бред Банон.
Најновата анкета на „Месинџер“/Харис која ја спроведе фирмата за истражување „ХарисИкс“ покажува дека 55 отсто од американските гласачи рекле дека претседателот треба да го препознае своето седмо внуче, а 45 отсто рекле дека тоа треба да биде приватна семејна работа.
Ако се гледа ставот на гласачите со оглед на нивната партиска припадност, околу четворица од десет демократи рекоа дека Бајден треба да ја признае внуката Најви, во споредба со шест од десет независни и седум од десет републиканци.
Стратезите стравуваат дека претседателот можеби е подготвен да ја ризикува политичката штета со тоа што ќе застане на страната на неговиот син Хантер.
„Очигледно е дека Хантер не сака да ја смета за негово дете и да ја воспитува, па начинот на кој претседателот се справува со ова се чини дека ги одразува желбите на неговиот син“, изјави за британски „Тајмс“, Бен Шрекингер, новинар на „Политико“.
Таткото на Лунден Робертс е американски производител на оружје кој сака да оди на лов со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Врската на семејството Робертс со Трампови можеше да се види и за време на повеќегодишната судска битка за алиментација, кога Лунден беше застапувана од Клинт Ланкастер, адвокатот кој го застапуваше Трамп за време на пребројувањето на гласовите во Висконсин.
(Фото: АФП)







