Невреме проследено со силен град ја погоди вчера Словенија. Во делови од земјата тлото беше целосно покриено со парчиња мраз.
Агенцијата за животна средина на Словенија попладнето за северот на Словенија издаде портокалово предупредување поради можност за силно локално невреме, но до вечерта дури три словенечки региони беа во црвено.
Токму како што беше најавено, многу брза и моќна бура, пропратен со грмежи и град, стигна од Италија и прво предизвика проблеми на југозападот на Словенија.
Бурата најпрво стигна до Приморје. Од Нова и Стара Горица и од Випава и околината, јавуваат за град, а силниот ветер на места направи значителна штета.
Градот што паѓаше на подрачјето на Нова Горица беше голем како топчиња за пинг-понг.
Малку подоцна пристигнаа и слики од Ајдовшчина на кои се гледа дека земјата е целосно покриена со големи парчиња мраз.
Силното невреме брзо се придвижи кон централниот дел на земјата.
Жителите беа предупредени да не бидат на отворено, затоа што тоа може да биде опасно, дури и потенцијално смртоносно. Колкава штета предизвика моќното невреме допрва ќе се утврдува.








