Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“
Економија

Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

август 31, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По првичната минатогодишна работна средба, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, по вторпат остварија работна посета на „Алкалоид“.

За време на посетата, работната група, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов,ги претстави постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните операции, како и спроведените активности за општествена одговорност, како едни од клучните приоритети во корпоративната политика на „Алкалоид“.

Посебен акцент беше ставен врз соработката на „Алкалоид“ со реномирани компании од САД, како на пример Pfizer и MSD (Merck Sharp & Dohme), трасиранa пред повеќе од 5 децении.

Од деловните потфати во САД особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаеви од програмата Good Nature. Во изминатите 18 години, преку својата подружница во Охајо, САД, „Алкалоид“ има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и за дистрибуција на чаеви и на природни лековити производи, како на пример реномираната AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, и компаниитеArbonne International (Groupe Rocher Аrbonne), Swanson и други. Чаевите на „Алкалоид“ на американскиот пазар се присутни и под сопствен бренд, пласирани во големи синџири на маркети, а се продаваат и преку мрежата на Walmart и на Amazon.

Во рамките на глобалната продажна мрежа www.amazon.com, алкалоидовиот чај Healthy Heart фигурира сопрепознатливата ознака Amazon’s Choice.

Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детската козметика од брендот „Бекутан“, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании, со кои,во рамките на фармацевтската дејност, остварува различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

При обиколката на компанијата делегацијата имаше можност да ги посети и одблизу да се запознае со производствените капацитети на сегментот фармација и со најновите современи услови за работа на Институтот за истражување и развој на компанијата.

Членовите на делегацијата, меѓу кои г-ѓа Сара Харбисон, г. Ноа Санфорд, г-ѓа Брајд Свини, г-ѓа Ванеса Танер, г. Ентони Вега, г. Роберт Вилијамс и г. Дејвид Спектор, го истакнаа своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ и од деловните активности на компанијата на американскиот пазар.

Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), од своето основање во 1966 година, на своите членови им дава можност за добивање глобална политичка и бизнис-перспектива преку своите програми за меѓународна размена.

   

 

актуелно алкалоид делегација лидери политички
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.