Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груби: Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати
Македонија

Груби: Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати

септември 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби ги демантира обвинувањата дека измените на Кривичниот законик се направени за политички пазарења за да се обезбедат гласови за уставните измени. Според него, овие измени нема многу да влијаат на обвиненијата покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство.

„Ако се анализираат овие два члена и Кривичниот законик во целина, во сите обвиненија на СЈО, интервенциите се минорни, особено во случаите на поранешниот премиер Никола Груевски, кој самиот објави пред неколку дена дека има мало влијание врз неговите случаи“изјави Груби во емисијата „Клан дебата“.

На прашањето дали Груевски има корист од измените на Кривичниот законик, Груби рече дека изменетиот член 353 од Кривичниот законик бил само дел од обвинението против него.

Вицепремиерот нагласи дека е невозможно Груевски да се врати слободен во Северна Македонија бидејќи влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик на обвиненијата на Груевски е многу мало.

„Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, рече накратко Груби.

Во однос на уставните измени, тој повтори дека во истиот момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го притисне зеленото копче министрите на ДУИ ќе поднесат оставки.

„Од прв до последен, во секунда ќе дадат оставки и ние ќе се повлечеме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6, 7, 8 месеци, колку сакаат, до следните избори да докажат дека ја имаат власта и да ги избркаат Албанците од Владата. Се виде дека тоа е проблемот“рече Груби.

Лидерот на новоформираната партијата од албанскиот политички блок – Демократско движење, Изет Меџити, кој е поранеше член на ДУИ, минатата недела преку својот фејсбук-профил праша дали е точно дека оваа недела ќе му биде вратен пасошот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Прашањето на Меџити беше во контекст на измените на Кривичниот законик, усвоени од Собранието минатата недела, а со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување (член 353) и злосторничко здружување (член 354).

„Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, бидејќи со измените на КЗ автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и ‘Траекторија’, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка?“е прашањето што јавно го постави Меџити.

Инаку, објавата на Меџити е своевидно надоврзување на ставот што пратениците на трите партии од т.н. опозициски блок – Алтернатива, Беса и Демократско движење го изнесоа на прес-конференција во Собранието, пред да се донесат измените на Кривичниот законик истиот ден.

Мерита Коџаџику, Сафије Садики Шаини и Фадил Зендели тогаш рекоа дека основната причина поради која власта ги иницира промените на Кривичниот законик е за што побрзо да се спаси и „без трн во ногата“ да се врати Никола Груевски во Скопје.

„Јавноста има право да знае, а премиерот Ковачевски и министерот за правда Лога имаат обврска да го објаснат ова, дека доколку помине овој предлог за измена на Кривичниот законик, а тие имаат мнозинство да го усвојат, потоа можат слободно да му извадат билет на Никола Груевски во еден правец од Будимпешта до Скопје и да го пречекаат со сите државни почести“рекоа пратениците на трите партии во средата.  Измените во Кривичниот законик се прават за да се спаси Никола Груевски – велат пратеници од Алтернатива, Беса и Демократско движење.

актуелно груевски закон Кривичен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.