Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски – Душек: Соработката со Светскиот економски форум е посебно значајна за економските перспективи на земјата00
Македонија

Ковачевски – Душек: Соработката со Светскиот економски форум е посебно значајна за економските перспективи на земјата00

септември 19, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во Њујорк остварил средба со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, на која е разговарано за економските перспективи на Република Северна Македонија и на регионот на Западен Балкан, во контекст на политичките и безбедносните предизвици на европскиот континент, како и за важноста од соработката на нашата држава со Форумот, во ваквата констелација.

Како што информираат од владината прес-служба, преку активната соработка со над 800 водечки светски компании, Светскиот економски форум може значајно да придонесе за привлекување на вниманието на инвеститорите кон земјите од Западниот Балкан.

Премиерот Ковачевски оценил дека соработката со Светскиот економски форум е посебно значајна за Република Северна Македонија, во услови кога државата е насочена кон забрзан евроинтеграциски процес, од којшто се очекува унапредување на квалитетот на живот на македонските граѓани и економски развој.

-На патот кон евроинтеграциската цел, што сметаме дека е достижна до 2030 година, нашата земја има потреба од иновации и поттик на конкурентноста на компаниите и вложувања и мотивација на човечкиот капитал. Драгоцени се искуствата и размената на знаења на собирите на Форумот од глобален формат, по значајни прашања како што се: бизнис солуциите за одржлив развој, особено во производството на храна, изнаоѓањето решенија околу енергетските потенцијали, на планот на климатските промени, состојбите во здравството, глобалната конкуренција, информатичката технологија, борбата за спречување на корупцијата, посочил Ковачевски.

На состанокот, како што се наведува во владиното соопштение, констатирано е дека Република Северна Македонија бележи напредок во рангирањата според економските перформанси и е оценето дека е потребно одржување на фокусот по заземената насока, за што е најавена натамошна зајакната соработка со Светскиот економски форум.

 

 

 

 

Фото: Влада на Република Северна Македонија

актуелно душек економски ковачевски светски соработка форум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.