Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДРАМА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЊУЈОРК: Израелскиот амбасадор си стави жолта звезда, Палестинецот моли за луѓето од Газа
СВЕТ

ДРАМА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЊУЈОРК: Израелскиот амбасадор си стави жолта звезда, Палестинецот моли за луѓето од Газа

октомври 31, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации вчера, во Советот за безбедност на ОН, си стави жолта ѕвезда на реверот од сакото, велејќи дека ќе ја носи додека Советот не ги осуди злосторствата на Хамас, а палестинскиот претставник, пак, рече дека Газа сега е „пеколот на Земјата“ и повика за спасување на нејзините жители.

Гилад Ердан и неговиот персонал си закачија жолти Давидови ѕвезди со натпис „Никогаш повеќе“, додека присуствуваа на состанокот на најмоќното тело на Организацијата. Такви ѕвезди биле присилени да носат Евреите за време на нацистичката диктатура.

„Исто како моите дедовци и баби и дедовците на милиони Евреи, отсега мојот тим и јас ќе носиме жолти ѕвезди. Ќе ги носиме ѕвездите додека не ги осудите злосторствата на Хамас. И ќе бараме итно ослободување на нашите заложници“, рече Ердан.

„Некои од вас не научија ништо во изминатите 80 години. Некои од вас заборавија зошто е формирано ова тело“, рече Ердан, осудувајќи го Советот за безбедност што молчи за смртоносните напади на палестинските милитанти врз Израел на 7 октомври.

Длабоко поделениот совет од 15 членови не усвои ниту една резолуција за тринеделната војна меѓу Израел и Хамас.

Некои резолуции беа блокирани од Соединетите Американски Држави, блискиот сојузник на Израел, затоа што во нив не се спомнуваа правото на Израел на одбрана.

Резолуцијата која ја поднесе САД беше осудена од Русија и Кина, затоа што јасно не повикува на прекин на огнот.

„Значи, ќе ве потсетам. Од овој ден натаму, секогаш кога ќе ме погледнете ќе се сеќавате што значи да се молчи пред злото“, рече амбасадорот.

Ердан, во својот говор, ја спореди израелската копнена офанзива во Појасот Газа со истоварувањето на сојузниците во Нормандија во 1944 година.

Го исмеа Советот за безбедност на ОН, велејќи дека на 6 јуни 1944 година (Денот Д), доколку тогаш постоело ова тело, веројатно жестоко ќе се расправало за тоа уште колку струја и гориво имаат граѓаните на Минхен.

Нагласи дека споредбата на бројот на загинати од двете страни после грозоморниот масакр што го изврши исламистичкиот Хамас во Израел на 7 октомври е неприфатливо како што е и неприфатлива споредбата на германските и британските жртви во Втората светска војна.

Го спореди барањето за прекин на огнот на Блискиот Исток со барањето за прекин на огнот пред руското заземање на Сталинград во 1943 година.

За време на вчерашниот состанок на Советот за безбедност, неколку говорници, осудувајќи ги нападите на Хамас, ја истакнаа цената што ја платиле жителите на Газа, каде здравствените власти велат дека повеќе од 8.300 луѓе загинале во израелските напади.

Филипе Лазарини, шеф на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), рече дека опсадата на Газа е еднаква на колективно казнување на нејзините жители.

Палестинскиот претставник во Обединетите нации ги опиша страдањата на населението во Појасот Газа како „пекол на земјата“.

Зборувајќи на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Ријад Мансур ја цитираше изјавата на поранешниот генерален секретар на ОН, Даг Хамарскјолд, кој во 1954 година рекол: „Обединетите нации не се создадени за да нè доведат во рајот, туку за да нè спасат од пеколот“.

 

 

„Газа сега е пекол на Земјата“,

Ријад Мансур

 

Дипломатот рече дека до денес се убиени повеќе од 8.000 Палестинци, вклучувајќи преку 3.000 во јужниот дел на Газа, каде што Израел „присилно префрли стотици илјади луѓе“.

„Речиси сите наши луѓе во Газа се бездомници, раселени, се селат од една куќа во друга“, рече тој.

„Спијат во своите автомобили, спијат на улиците, а и понатаму ги убиваат каде што ќе стигнат, за да ги убедат дека нема да бидат безбедни никаде во Газа“, додаде Мансур.

„Спасувањето на човештвото од пеколот денес за Обединетите нации значи спасување на Палестинците во Газа“, заклучи.

Мансур, пред најмоќното тело на ОН, се залагаше за достоинствен однос кон палестинскиот народ и за спасување на Палестинците во Газа.

„Спасете ги. Гледајте на нив како на човечки суштества“, рече тој.

актуелно безбедност Газа Израел Обединети Нации Палестина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.