Гордана Сиљановска-Давкова денеска на официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски.
Во вилата Водно таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва.

Во своето обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот вети дека совесно ќе ја извршува должноста.
Во говорот во Парламентот, за кој истакна дека им го посветува на жените за да ги инспирира дека е можно да се стане претседателка, 71-годишната Силјановска-Давкова посочи дека ќе се обиде да ја оправда довербата. Ова, рече таа, и било најголемата обврска во животот.


(Фото: Маја Јаневска Илиева / Нова Македонија)







