Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БЕСНИ МЕШТАНИ: Палма де Мајорка воведува полициски час, доста и е од идиоти
Во Фокусот

БЕСНИ МЕШТАНИ: Палма де Мајорка воведува полициски час, доста и е од идиоти

мај 17, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шпанците се револтирани од призорот групи туристи во бикини како шетаат по улиците на Палма де Мајорка, главниот град на Мајорка, откако наводно пристигнале со „брод за забава“ – најновата појава што ги разбесни локалните жители.

Видеото што го сподели здружението на жители на Пасео Маритимо, прикажува пет жени како одат по патот, додека група посматрачи ги гледаат од страна.

„Почна сезоната на ‘бродовите за забави’“- напишаа група мештани на социјалните мрежи, тагнувајќи ги локалните власти.

„Полиција нема, ниту се очекува“, истакнаа тие.

Видеото предизвика бес кај другите загрижени локални жители кои напишаа бројни коментари за да го изразат својот став.

„Навистина одвратно и понижувачко“, напиша еден коментатор, кој додаде дека туристите што поскоро мора да се запрат.

Иако датумот кога е направено видеото е нејасен, објавено е само неколку дена откако туристка беше снимена во тесни зелени гаќички за капење, што предизвика бројни повици за тоа речиси голите туристи дури и да бидат уапсени поради нивното развратно однесување.

Лут од приливот на туристи, еден мештанин во коментар под снимката напиша дека туристите се „како канта што ја истресувате“.

Патем, посочи и дека никогаш никаде нема полиција.

Шпанците се вистински загрижени за тоа како да се управува со „прекумерниот туризам“.

Претходно оваа недела, жителите беа фрустрирани од фотографијата на турист кој шета низ Палма де Мајорка облечен само во зелени гаќи за капење.Мажот, кој не е идентификуван, се шетал низ градот оскудно облечен, со црвена крпа за плажа.Виден е како оди по прометна улица, со десетици луѓе околу него во областа Хаума.

Еден огорчен корисник на социјалните мрежи го нарече човекот „уште еден морон кому треба да му биде забранет пристап до островот“.

„Ако владата и полицијата се сериозни, може полека да ја подобрат Мајорка со забрана на сите овие видови идиоти“, напиша тој.

Иако островот привлекува многу посетители поради своите прекрасни песочни плажи, туристичките одбори повикуваат дека правилата за облекување „важат и надвор од плажата“, истакнувајќи дека изгледот го пресликува карактерот.

Некои ресторани, пак, воведоа посебни кодови за облекување, но тие се однесуваат само за одредени угостителски објекти – иако набрзо следеа нови мерки од летувалишта во Барселона, Виго, Сан Хуан и Плаја де Палма, и тоа за мокрење во море, танцување во барови и носење фудбалски дресови.

Инаку, во вторникот беше објавено дека Мајорка ќе го намали бројот на раскалашани и развратни туристи со воведување полициски час за алкохол во 21:30 часот, а Палма вети дека ќе воведе построги мерки за намалување на бројот на туристи.

Марија Фронтера, претседателка на Федерацијата на хотелиери на Мајорка, повика на донесување на „стратешки план“ за справување со пренатрупаноста, нагласувајќи ја „критичната“ состојба на ситуацијата.

Таа ја наведе потребата за „рамнотежа на соживот“ меѓу жителите и посетителите, при што жителите се повеќе се загрижени заради видот на туристи кои ги привлекува престојот на шпанско сонце.

Близу 11,47 милиони туристи ја посетиле Мајорка во 2022 година. До летото минатата година, првичните прогнози предвидуваа дека бројките за 2023 година ќе се зголемат, а само во јули има 5,9 отсто повеќе во однос на претходната година.

Многу островски дестинации се најдоа во ќор-сокак, сè уште се опоравуваат од ограничувањата за патувања поради пандемијата и со економии кои зависат од туристичките трошоци – но, исто така, треба да се земат предвид и потребите и чувствителноста на локалното население.

актуелно Палма де Мајорка туристи Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.