На интернет кружат неколку видеа на кои се гледа џиновски метеор кој во саботата го помина небото над Шпанија и Португалија.Се уште нема официјална потврда дека се работи за метеорит, пишува „Минт“.
Неколку корисници на социјалните мрежи споделија слики и снимки од небото осветлено со силна сина светлина.
Многумина беа изненадени од феноменот, а некои останаа запрепастени.
„Ова беше импресивно! Врз основа на бојата, се чини дека може да биде од магнезиум“, коментираше еден корисник на фотографијата на „Редит“.
„Нереално. Вакво нешто веројатно се гледа еднаш во животот! Метеор над Португалија, нема информации за тоа дали паднал на Земјата“, напишал друг корисник.
(Фото: Твитер)







