Низ Европа се шири нов тренд, пишува словенечки 24ур, кој пренесува фотографии и видеа на кои се гледа како возачите во Холандија на сред пат ги запираат своите автомобили и излегуваат од нив за да стават лента на регистарските таблички.
Причината е фактот што се поголем број европски градови користат камери за проверка на регистарските таблички на автомобилите во сообраќајот за да се спречи влез на сите оние чија количина на издувни гасови не ги задоволува поставените стандарди.

Некои места на автомобилите со превисоко количество издувни гасови им забранија да влегуваат во одредени зони, па возачите смислиле начин како да го спречат тоа – на регистарските таблички ставаат лепат црн селотејп за камерите да не можат да им ги „прочитаат“ регистерските таблички, а тие што немаат, на регистрација знаат да стават црна најлон кеса или, пак, да ја прекријат со вреќа.
Од видеото не е јасно за кој холандски град станува збор, но 24ур пишува дека сè поголем број Европејци имаат проблеми со моторните возила бидејќи не ги исполнуваат стандардите – просечниот европски автомобил е стар повеќе од десет години и огромното мнозинство од нив не ги задоволуваат стандардите.
(Фото: Инстаграм)







