Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик
Култура

Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик

јуни 6, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици недостасуваат македонска литература и македонски автори. Оттаму произлезе интересна идеја за акција на Ротари клубот ‘Камен Мост’ во кој во моментот ја вршам должноста Претседател. Преку моите колеги во Норвешка, кои иницијално го направија контактот со библиотеката, наидовме на воодушевување за можноста да ја збогатат својата литературна ризница со книги на македонски јазик. Стапивме во контакт со Издавачкиот центар ‘ТРИ’ и ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ и акцијата финишираше успешно, со примопредавање на книгите во Норвешкиот конзулат во Скопје“, истакна Проф. Д-р Димовска.

Од 2022 година, македонскиот јазик организирано се изучува во Осло. Во моментов има четириесетина интересенти кои активно посетуваат часови по македонски јазик еднаш неделно. Особен предизвик на изучувачите на македонскиот јазик во Норвешка било отсуството на јавно достапни книги на македонски јазик.

Претседателот на „Македонската Асоцијација на издавачи“ и главен уредник во Издавачкиот центар „ТРИ“, Бојан Саздов, изрази задоволство што се дел од реализацијата на оваа благородна иницијатива:

„Благодарам на Ротари клубот ‘Камен Мост Скопје’ и на Конзулатот на Норвешка во РСМ, за идејата македонскиот јазик и книжевност да најдат свое достојно место во норвешката Национална библиотека – најголема во државата, каде наскоро македонската книга за првпат ќе добие своја позиција меѓу сите светски книжевности. ‘Македонската Асоцијација на издавачи’ е благодарнa на своите членки, кои ја прифатија поканата да донираат дел од своите изданија за оваа цел – и помогнаа да собереме стотици книги, репрезентативни дела од нашата современа книжевна продукција, дела од македонски автори како и преводи на популарни дела од скандинавската литература“, истакна Саздов, изразувајќи надеж дека ваквите иницијативи ќе продолжат во иднина, со цел афирмација на македонската книжевност во светот и зголемување на достапноста до истата за сите Македонци што живеат надвор, но и на оние што сакаат за првпат да се запознаат со македонскиот јазик и култура.

Поддржувајќи ја иницијативата, Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, кој истовремено ја извршува функцијата на Генерален конзул на Кралството Данска и Конзул на Кралството Норвешка, а членува и во Ротари клубот „Камен Мост“ Скопје, презема обврска за испорака на пратката, која своевремено се поткрепува со донација на уште шеесеттина македонски наслови:

„Срдечно ја поздравувам иницијативата на д-р Радмила Димовска, која изминативе неколку месеци заедно со членовите на клубот посветено работеше на собирање на што повеќе наслови на македонски јазик и соодветно опремување на македонското катче во Националната библиотека во Осло. Особено ми е драго што се вклучивме со логистичка поддршка и дополнителна донација на преводи на македонски јазик од дански и норвешки автори и збирки поезија од Ана Бунтевска. Се надевам дека оваа акција нема да запре со една пратка. Повикувам и апелирам на нејзино продолжување, кое секако сме тука да го поддржиме“, изјави Мукаетов.

Националната библиотека во Осло е ценета норвешка културна институција, чија мисија е зачувување на минатото, во служба на иднината. Таа претставува литературен дом на автори од речиси цел свет, а на иницијална идеја на Македоци кои живеат во Норвешка, Проф. д-р Васка Вандевска Радуновиќ и Др Снежана Димитроска, ќе добие и македонско катче, кое ќе има суштинска улога во негувањето на македонскиот јазик.

актуелно библиотека донација катче книги македонско осло
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.