Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“
Економија

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

јуни 11, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на конференцијата „Чувари на мудроста“, која по втор пат се одржува во организација на „Халк банка“ АД Скопје, под мотото „Инспирација за новата генерација“.

Во рамките на вториот конференциски панел, насловен „Успешна бизнис приказна – посветеност, дисциплина, интуиција“, модериран од Сашко Коцев, а во друштво на ко-панелистот Петар Ниновски, основач на „Бреинстер“, низ пријатна и непосредна дискусија базирана на сопствените искуства, Мукаетов се осврна на своите лични и професионални предизвици во неговата 25- годишна кариера. „За мене, како човек кој го води ‘Алкалоид’, најголем предизвик беше почетокот на менаџерското поглавје.

На 32 години, дојдов на чело на еден голем систем со долга традиција и специфична тежина. Многу луѓе беа со резервирана доверба, а превладуваа и очекувањата дека ‘најдобрите времиња’ за ‘Алкалоид’ завршиле.

18 години потоа, резултатот на исклучително посветената работа е, можам да кажам, глобална компанија, присутна на сите континенти, во повеќе од 50 земји во светот, со континуиран раст и развој и над пет-кратен раст на продажбите во изминатиот период. Компанија која покажува и докажува дека и во Македонија можеме многу работи да направиме онака како што треба и дека сме способни и конкурентни да се позиционираме каде било во светот“, истакна Мукаетов.

Голем дел од панел дискусијата беше посветен на човечките ресурси, односно предизвиците со кои младите се соочуваат на почетокот од нивните кариери во поглед на изборот на нивниот професионален пат во државен или во приватен сектор, но и предизвиците со кои компаниите се соочуваат во поглед на изнаоѓање квалитетен и стручен кадар.

„Кај нас, голем дел од младите луѓе сметаат дека ќе можат најдобро да се реализираат преку јавниот, односно државниот сектор. Јас сепак би го препорачал приватниот сектор, каде секој кој се одважил, кој заслужил шанса, истата неминовно ќе ја добие. Сите компании имаат потреба од квалитетни и посветени кадри со правилни вредности.

Ние во ‘Алкалоид’ се бориме таквите луѓе да ги донесеме и задржиме, преку програмите за практикантство, дуално образование, кариерно следење и разни интерни обуки и активности. Многу е важно како општество да градиме клима во која кај младите првиот професионален избор би бил приватниот сектор во која било форма: дали како дел од големите компании, преку сопствена бизнис иницијатива, старт-ап и слично“, поентираше Мукаетов. Основачот на „Бреинстер“, Петар Ниновски во своето обраќање до младите студенти и претприемачи, нагласи дека младите не треба да „се штедат“ во првите 15 години од својата кариера туку: „Да работат напорно, да се пробуваат, ако треба и да направат грешки во бизнисот, но да умеат да си простат за нив“.

Ниновски, како раководител на компанија која преку реални проекти нуди апликативни решенија со кои би се надминале предизвиците на модерното време, ја отвори темата на вештачката интелигенција во фармацевтската индустрија, на која тема Мукаетов потенцираше: „Во фармацевтската индустрија, трендовите се менуваат многу брзо и ако сакаме да останеме конкурентни, истите мора да ги следиме. Како компанија, ние веќе користиме податоци и симулации од разни бази на ВИ кои ни служат како дополнителни аргументи при носењето на одлуки во насока на влез на нови пазари, развој на нови производи и слично“.

Целта на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк Банка“ АД Скопје е обединување на студентите и младите претприемачи со најдобрите ментори и практичари од различни професионални области и можност од прва рака да се слушнат успешни приказни и да се научат корисни работи од искуствата на луѓето кои со својот труд и посветеност успеале да ги надминат сите бариери и да ги достигнат врвовите во својата кариера.

 

 

актуелно банка конференција мудрост Мукаетов панелист халк чувави
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.