Бројот на починати во овогодинешниот аџилак е 1.301, рече вчера министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад Ал Јалајел.
Јалајел, чии зборови ги пренесе државната телевизија, истакна дека причината за смртните случаи е „поминувањето на долга дестинација изложени на сонце без соодветно засолниште и удобност“.
Меѓу починатите има многу постари лица и оние кои страдале од хронични болести.
„Околу 83 отсто од смртните случаи се меѓу оние на кои не им било одобрено одење на аџилак“, рече тој.
Секоја година десетици илјади верници се обидуваат да учествуваат на аџилак без официјална дозвола, која се плаќа и се доделува според квоти, а која овозможува пристап до климатизирани простори.
Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман кој може тоа да си го дозволи е должен да ја исполни оваа верска должност барем еднаш во животот.
(Фото: АФП)







