Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Биди умерен во победата и грациозен во поразот
Коментар

Биди умерен во победата и грациозен во поразот

јуни 26, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денко Малески

Биди умерен во победата и грациозен во поразот, гласи една стара поговорка.Немаше потреба од такви страшни зборови од страна на новиот премиер Мицковски упатени кон опозицијата и кон сите оние кои ја поддржуваа нивната политика кон Грција. Демократијата значи право на несогласување, па оттаму потребата од внимание до каде ќе се оди во со инсистирање на своето мислење и непочитување на туѓото. На компромисите кои ги направи нашата држава гледам како на успеси на надворешната политика на Македонија во реалниот свет на светската политика. Голем дел од Македонците го мислат спротивното а партијата која ги изразува нивните чувства однесе убедлива победа на изборите.Спротивното, малцинско мислење, останува и нивните носители не би смеело да се проколнуваат за злодело.

Преспанскиот договор не е, како што сум напишал во повеќе наврати, само дело на двата политичари Заев и Ципрас и на нивните партии туку и на битката за моќ и влијание меѓу големите сили, Америка и Русија. Во моментот кога заврши униполарниот момент обележан со една единствена суперсила, Америка, и кога се појави ривалска сила на Балканот, Русија, се наложи и решавањето на грчко-македонскиот спор околу името. Проектирањето на тој интерес на Америка како предводник на западниот свет, влијаеше еден билатерален спор да стане безбедносно прашање за САД и за ЕУ визави руската опасност. Изјавите на американските политичари од тоа време, дека Македонија е на првата борбена линија на таа нова конфронтација на големите сили беа јасна назнака дека ќе следи американски ангажман за решавање на спорот .

По некоја игра на случајност, ова го дознав од прва рака, во еден подол разговор со американскиот амбасадор во нашата земја, Џес Бејли. Влегувате во НАТО ми вели месеци пред да почнат интензивните преговори меѓу претставниците на двате соседни држави. Со долго искуство од грчката непопустливост, прво што изустив беше – „А, Грција?“. Амбасадорот ми рече дека и тоа ќе се реши зашто спорот за името станува „безбедносно прашање“(a security issue) за Америка. Со тоа на ум, внимателно го следев текот на настаните и забележав идентично силен ангажман на амбасадорите на Америка во Скопје и во Атина. Резултатот на тој притисок, членство во НАТО, нешто за што не можевме ни да сонуваме во 1991, не внесе под безбедносниот чадор на Америка, до денес, најпосакуваниот начин една држава да го реши својот основен проблем – безбедноста.

Маклумина обрнаа внимание на овие драматични маневри на големите сили за моќ и влијание во светската политика и за промоција на своите демократски или автократски вредности.Светлата на позорницата беа вперени кон актерите на оваа претстава, премиерите и министрите за надворешни работи кои беа нарекувани херои од едни и предавници од други. Вистинската приказна може да ја кажат само оние кои професионално ја следат меѓународната политика. Ако ја разбереме големата игра во светската политика, ќе ни стане јасно дека Бајден го брани Преспанскиот договор со извршни наредби зашто е и во американски интерес. Оттаму,и големата дилема на македонската надворешна политика денес: дали ќе се усогласува со тој интерес или ќе оди против него. По правило, државата која е под безбедносниот чадор на Америка, била голема или мала, го усогласува својот интерес со оној на големата сила.

денко малески
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.