Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АЛИЈАНСАТА СО ДРУГ ШЕФ: Марк Руте е нов генерален секретар на НАТО
СВЕТ

АЛИЈАНСАТА СО ДРУГ ШЕФ: Марк Руте е нов генерален секретар на НАТО

јуни 26, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

НАТО денеска го избра холандскиот премиер, Марк Руте, за свој нов генерален секретар, во време кога на праг му беснее војната во Украина и кога постои голема неизвесност во поглед на идната позиција на САД кон трансатлантскиот сојуз.

Амбасадорите на земјите-членки на НАТО на состанок во седиштето на Алијансата во Брисел одлучија да го назначат Холанѓанецот Руте за следен генерален секретар, кој ќе ја преземе функцијата на 1 октомври годинава.

„Северноатлантскиот совет денес одлучи да го назначи Марк Руте за иден генерален секретар на НАТО, кој ќе го наследи Норвежанецот Јенс Столтенберг“, се вели во соопштението на НАТО.

Долгогодишниот холандски премиер ќе ја преземе функцијата на 1 октомври годинава, кога му истекува мандатот на Столтенберг.

Со ваквата одлука на Северноатлантскиот совет, прашањето за именување на нов генерален секретар беше тргнато од дневниот ред на претстојниот самит на НАТО, што ќе се одржи кон средината на следниот месец во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО се избира со консензус на сите членки.

Традиционално, местото генерален секретар му припаѓа на некој од европските земји-членки, додека началникот на воениот штаб е Американец.

Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен ривал за таа функција, романскиот претседател Клаус Јоханис, се повлече од трката откако не успеа да ја добие поддршката од сојузниците.

Руте рече дека со силно се радува за укажаната доверба и дека со нетрпение чека да ја преземе функцијата.

„Сојузот е и ќе остане основа на нашата колективна безбедност.

Водењето на оваа организација е должност што не ја сфаќам како лесна“, објави тој на платформата Х.

Веднаш откако минатата година изрази интерес за таа должност, Руте ја доби поддршката од клучните членки на НАТО, вклучувајќи ги Америка, Британија, Франција и Германија.

Другите беа порезервирани, особено источноевропските земји-членки кои веруваа дека оваа должност за првпат треба да оди кај некој од нивниот регион.

Но, на крајот го поддржаа.

Руте е жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин и верен сојузник на Украина.

Столтенберг после состанокот истакна дека топло го поздравува неговиот избор за свој наследник.

„Марк е вистински трансатлантист, силен лидер, градител на консензус. Знам дека го оставам НАТО во добри раце“, рече тој.

Руте, на чело на НАТО, ќе мора да ја одржи сојузничката поддршка за Украина во војната против руската инвазија, но и да спречи НАТО директно да се вклучи во војната.

Ќе треба да се носи и со можноста Доналд Трамп да се врати во Белата куќа по претседателските избори во ноември, кој е многу скептичен кон трансатланскиот сојуз и ја доведува во прашање подготвеноста на Америка да им помогне на другите членки доколку бидат нападнати.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Кензо Трибулард / АФП)

актуелно Алијанса јенс столтенберг Марк Руте НАТО секретар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.