Две лица се повредени во тепачка во дискотека во Клагенфурт. Полицијата успеала да спречи понатамошни расправии во болницата.
На 07.07.2024 година дошло до физичка пресметка меѓу 22-годишен маж од Македонија, кој живеел во Клагенфурт и 21-годишен маж од Клагенфурт.
Дваесет и едногодишното момче од Клагенфурт со повреди на лицето и расекотини било донесено во Клиниката во Клагенфурт од страна на итната помош. 22-годишниот државјанин на Македонија во болница отишол самостојно, придружуван од бројни пријатели.







