Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Андоновска: Се проверува дали има оштетени реагенси во ИЈЗ, откако некој ги исклучил фрижидерите каде тие се чуваат
Скопје

Андоновска: Се проверува дали има оштетени реагенси во ИЈЗ, откако некој ги исклучил фрижидерите каде тие се чуваат

август 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи.

– Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.

Симптоматично е, рече таа, тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава.

– Ако не бевме тука и не реагиравме веднаш, денеска ќе имавме огромно загрозување на општата состојба на граѓаните, загрозување на животот и здравјето нивно, согласно на кривичниот закон, дополнителна штета во милиони. Ќе немавме ниту еден реагенс. Среќа што бевме таму и веднаш реагиравме, повикавме институции да го утврдат тоа и очекуваме дека Јавното обвинителство ќе реагира. Последиците ќе беа ненадоместливи, среќа што бевме таму, подвлече Андоновска.

Сега се преземаат безбедносни мерки за алармирање, доколку некој чепка во тие разводни табли. Првичните информации, според неа, се дека тоа го има направено, некој што точно знае каде треба да се исклучи за да останат баш тие фрижидери без струја, затоа што само тие биле исклучени.

По вакво нешто, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи.

Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Стручната проверка ќе покаже дали има штета или не, на некои од тие реагенси. Бидејќи, како што рече, секој си има колку време може да стои на одредена температура.

– Очекувам да реагира Јавното обвинителство за ваква сериозна работа. Тоа е многу важно за да не се повторуваат вакви работи. Јас ќе ги преземам сите мерки на контрола, колку што ми дозволуваат можностите. Јас сум само пет дена тука. Ако нема истрага од Обвинителството, загрижена сум, да не продолжат ваквите работи, додаде директорката.

актуелно ијз оштетени проверка реагенси
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.