Американската потпретседателка, Камала Харис, има намера да предложи подигнување на стапката на корпоративниот данок на 28 отсто, од сегашните 21 отсто, доколку го победи републиканскиот противкандидат, Доналд Трамп, на претседателските избори на 5 ноември.
Портпаролот на кампањата, Џејмс Сингер, рече дека тој потег ќе биде дел од „фискално одговорниот пат за враќање на парите во џебовите на работниците и да се осигура дека милијардерите и големите корпорации ќе го платат својот фер удел“.
Додека Трамп беше претседател, тој безмалку ја преполови стапката на данок на добивка, од 35 на 21 отсто, и воведе други даночни олеснувања чија законска важност треба ќе истече следната година.
Трамп вети дека тие намалувања ќе ги направи трајни.






