Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мајкрософт: Русија, Кина и Иран се во брак со кибер-криминалците за да им наштетат на САД и сојзниците
СВЕТ

Мајкрософт: Русија, Кина и Иран се во брак со кибер-криминалците за да им наштетат на САД и сојзниците

октомври 16, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Русија, Кина и Иран се потпираат на криминални мрежи за да водат кибер-шпионажа и хакерски операции против противници како САД, се наведува во извештај на  Мајкрософт.

Зголемената соработка меѓу авторитарните влади и хакерите криминалци ги загрижи претставниците на националната безбедност и експертите за кибер-безбедност кои велат дека таа ги претставува сè понејасните граници меѓу овие криминалци и активностите насочени од Пекинг или Кремљ.

Целта на овие активности е поткопување на ривалите, додека криминалците се  обично повеќе заинтересирани за финансиска добивка, се наведува во извештајот за дигиталните закани на Мајкрософт.

Во еден пример, аналитичарите на Мајкрософт откриваат дека криминална хакерска група со врски со Иран се инфилтрирала на израелска страница за средби и потоа се обидела да ги продаде или да ги откупи личните информации што ги добила. Мајкрософт заклучи дека хакерите имале два мотиви: да ги посрамотат Израелците и да заработат пари.

Во друг пример, истражителите идентификувале руска криминална мрежа која инфилтрирала повеќе од 50 електронски уреди што ги користела украинската војска во јуни годинава, очигледно барајќи пристап и информации кои би можеле да помогнат во инвазијата на Русија на Украина.

За државите како Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, кои имаат свои врски со хакерските групи, здружувањето со кибер-криминалците нуди брак од интерес со придобивки за двете страни, се наведува во извештајот. Владите можат да го зголемат обемот и ефективноста на ваквите активностите без дополнителни трошоци, а на криминалците им се нудат нови патишта за профит и ветување владина заштита.

Мрежите поврзани со Русија, Кина и Иран ги таргетирале и американските гласачи, користејќи лажни веб-страници и сметки на социјалните мрежи за да шират лажни и неточни тврдења за изборите во 2024 година.

Аналитичарите во Мајкрософт се согласуваат со оценката на американските разузнавачи кои велат дека Русија е насочена кон кампањата на потпретседателката Камала Харис, додека Иран работи на спротивставување на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Кина негира дека врши вакви активности, откако портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон изјави за некои американски медиуми дека наводите во извештајт се неосновани и ги обвини САД дека шират свои „дезинформации за таканаречените кинески хакерски закани“.

 

 

 

фото:МИА

актуелно Иран кибер Кина криминалци Мајкрософт русија САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.