Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Како да се спречат манипулациите со цените?
Економија

Како да се спречат манипулациите со цените?

февруари 7, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Се шири опсегот на контроли врз трговците со цел да се утврди кој најмногу влијае на енормниот пораст на цените на храната. Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) бара поголема транспарентност во формирањето на цените и смета дека Владата и институциите треба да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и увозниците. Според нив, треба да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените во Северна Македонија.

Во меѓувреме се шират повиците за бојкот на маркетите во целиот регион. Бојкот на маркетите имаше и во Северна Македонија, што доведе до намален промет во најголемите ланци за прехрана. На денот на бојкотот на 31 јануари, прометот на најголемите маркети во земјата падна за 47 отсто. За над 40 проценти беше намален и бројот на издадени фискални сметки во однос на претходниот ден, покажаа анализите на УЈП.

„Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и да го толерираме. Ќе ве известиме како ќе постапиме понатаму, подготвени сме да ги преземеме сите мерки што ни се на располагање за да ги спречиме овие незгодни ситуации“, порача министерот за економија Бесар Дурмиши на брифинг со новинарите. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до крајот на неделата треба да ги заврши шестмесечните контроли со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.

Анализа на пазарот

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) направил анализа на пазарот на супермаркети наспроти добавувачи, која што ги детектира точките каде растат цените и каде треба да се интервенира. Бројките од анализата, според нив, покажале дека супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи.

Поради тоа на состанок со претставниците на малопродажните ланци и локалните клучни партнери е договорено да не се примаат нови ценовници, минимум до крајот на првиот квартал оваа година.

Екстремни профитни маржи

Според ССК, супермаркетите работат со просечна профитна маржа од само 0,83 отсто, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32 отсто. Некои добавувачи имаат профитни маржи над 13 отсто, додека супермаркетите остануваат под 3 отсто.

Анализата покажала екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни маржи кои се далеку над оние на супермаркетите. „На листата на 15 најголеми добавувачи се покажува дека овие компании генерираат големи профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8 отсто од вкупниот приход на производителите, но 21,3 отсто од нивниот вкупен профит“, велат од ССК.

Само во јануари до маркетите пристигнале ценовници од над 40 добавувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Дополнително, профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, за разлика од другата страна, каде се зголемува. „Во исто време, меѓународните добавувачи одржуваат значително поголем профит од супермаркетите. Тие вршат силно влијание врз пазарните цени, ограничувајќи ја способноста на домашните трговци на мало да ги приспособат цените надолу“, децидни се од коморите.

„Револтиран сум кога плаќам поскапо за исти производи“

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е неопходно преку производителите, дистрибутерите, маркетите и потрошувачите да седнат заедно да разговараат и да го надминат сето ова коешто се случува, за да нема ескалации и да нема поголеми последици, откако граѓаните го изразија својот револт преку бојкот на продавниците.

„Јас сум еден од потрошувачите и, да, понекогаш сум револтиран кога плаќам исти производи по повисока цена од тие цени коишто се во соседството. Ова е дел од проблемот, имаме и други проблеми, со друг тип на трговци и производи, како што се лекови, бела техника и слично, чиишто цени ако се споредат со околината, некогаш се два до трипати поскапи“, изјави Мицкоски.

Според него, невозможно е тоа да е последица на лоша зделка или последица на некои царински давачки или на нешто друго. „Прашањето е колку е доста. Има ли доста? Некој ќе рече дека маркетот, односно пазарот ја одредува цената. Да, но некои економски оператори својата пазарана улога ја злоупотребуваат и затоа мислам дека во еден дијалог сѐ може да се надмине“, рече Мицкоски.

Какви мерки ќе следат?

Министерството за економија најавува дека деновиве ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи поради кои граѓаните организираа бојкот на поголемите ланци маркети.

Министерот за економија  Бесар Дурмиши, во понеделник ќе има средба со претставници на синдикатите, Организацијата на потрошувачите, Државниот завод за статистика, министерствата за финансии и за земјоделство, како и со претставници на сите останати релевантни институции околу новата методологија за пресметување на потрошувачката кошница.

 

Извор: (dw)

актуелно манипулации спречување цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.