Францускиот претседател Емануел Макрон го коментираше видеото снимено од авион по слетувањето во Виетнам, на кое се гледа како е турнат од неговата сопруга Брижит. Инцидентот бил снимен од телевизиските камери веднаш по отворањето на вратите на претседателскиот авион. Медиумите шпекулираат за што се работи и дали сопругата му удрила шамар. Макрон се појави шокиран по настанот, кога сфати дека се фатени на камера, а потоа се насмевна и им мавна на толпата.
На прес-конференцијата тој објасни што се случило.
Тој вели дека само се шегувал со сопругата и дека тоа „го прават доста често“. Тој смета дека шпекулациите за шамарот се глупости, како и тоа што поединци ги анализирале снимките и излегле со разни теории.
„Гледам многу луди луѓе кои ги анализираат сите овие видеа, сите треба да се смират“, рече Макрон. Тој го поврза видеото со друго видео, на кое беше прикажано марамче на маса за кое некои шпекулираа дека е кокаин.
Глупости, сите да се смират“, повтори францускиот претседател, пренесува Јутарњи лист.







