Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
Скопје

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил

декември 2, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Фото: Градска

Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје.

Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и нерегистриран автомобил 1000.

Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за валиден доказ, укажува Министерството за внатрешни работи откако започна едномесечниот пробен период за примена на системот „Безбеден град“ во кој сторителите на собраќајни прекршоци добиваат известување за сторениот прекршок.

Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР, меѓу другото, врши контрола над возачите и другите учесници на сообраќајот на патиштата. Контролата ја врши преку непосредно забележување со употреба на соодветни технички средства и направи и со последните измени на Законот прекршоци ќе се документира со технички средства и уреди за снимање. Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот „Безбеден град“ ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата односно, велат од МВР, нема да има толеранција без разлика дали се документира прекршок во населено место или пак надвор од населено место.

Во пробниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како управување со возило со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот „Безбеден град“ на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок МВР му доставува СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, податоци кои сопственикот на возилото ги дал при регистрација, со линк за преземање на записник за сторен сообраќаен прекршок, со прекршочен платен налог.

Доколку сторителот ја презема одговорноста за сторен сообраќаен прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќен прекршок со прекршочен платен налог ќе плати половина од изречената глоба.

Ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови се плаќаат трошоци на целокупната постапка.

Странец, како и државјани на Република Северна Македонија коишто со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата е должен веднаш а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата Министерството за внатрешни рабти ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата. За прекршок за кој покрај глобата е предвидена и санкција забрана за управување со моторно возило и ако сторителот ја платил глобата во предвидените рокови и за прекршок важење на возачка дозвола МВР ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд.

Глобите ќе може да се платат електронски преку линк кој сторителот на прекршокот ќе го добие со известувањето. Во овие случаи потребно е во уплатница автоматски да биде внесен бројот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и износот на глобата изрелена во денари. Во овие случаи МВР веднаш електронси добива известување дека глобата е платена.

актуелно безбеден град прекршоци утврдени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.