Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје
СВЕТ

Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје

март 10, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран започнала откако Техеран почнал да работи на нов објект за производство на материјали за нуклеарно оружје.

Трамп рече дека новиот објект требало да ги замени постројките што САД ги бомбардирале минатата година.

– Но тие почнаа да работат на друг објект – поинаков објект, различен тип објект, заштитен со гранит – изјави тој.

Според Трамп, Техеран се обидувал да ја искористи „експоненцијално растечката закана од балистички ракети“ за да го направи речиси невозможно спречувањето на развојот на нуклеарно оружје.

Трамп изрази разочараност од изборот на Моџтаба Хаменеи за наследник на неговиот татко, ајатолахот Али Хаменеи, на позицијата врховен лидер на Иран.

Според американскиот претседател, тоа би значело „помалку или повеќе исто“ во земјата што, како што рече, се обидува да ја промени.Тој оцени дека би било „несоодветно“ да коментира дали новиот лидер би можел да стане цел на смртоносен напад, како што се случило со неговиот татко.

Американскиот претседател се закани со силен одговор доколку Иран се обиде да го блокира транспортот на нафта низ Ормускиот теснец.

„Ако Иран направи нешто што ќе го запре движењето на нафта низ Ормускиот Теснец, САД ќе го погодат дваесет пати посилно отколку досега“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Тој предупреди дека САД би можеле да уништат „лесно ранливи цели“, што, според него, би го направило речиси невозможно Иран повторно да се опорави како држава.

Трамп изјави и дека размислува за ублажување на санкциите за рускиот извоз на нафта и за ослободување на дел од американските стратешки резерви на сурова нафта како дел од мерките за ограничување на наглото зголемување на глобалните цени на енергенсите.

Тој додаде дека администрацијата разгледува и ублажување на санкциите за некои земји со цел стабилизирање на нафтениот пазар, без да изнесе повеќе детали.

Трамп изјави дека воените операции ќе продолжат додека Иран не биде „целосно и решително поразен“, но изрази уверување дека конфликтот би можел да заврши брзо.

– Ова е почеток на изградба на нова држава – рече тој, одговарајќи на прашање дали војната е при крај или допрво почнува.

Тој додаде дека не сака Иран да го доживее сценариото од Ирак, каде по распуштањето на институциите се појави терористичката група Исламска држава.

Трамп, исто така, рече дека со потпретседателот Џеј Ди Венс „се согласуваат многу добро“ околу прашањата поврзани со Иран, иако Венс е „можеби помалку ентузијастички настроен“ за воена интервенција.

актуелно војна Иран материјали нуклеарно објекти оружје Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.