Папата Лав Четиринаесетти вчера повика да се „направи простор“ за дипломатија во конфликтот меѓу Русија и Украина, со цел да се запре насилството и страдањето на цивилните жртви.
За време на молитвата Ангел Господов, папата од балконот на својата резиденција на плоштадот Свети Петар во Ватикан рече дека „хуманитарното право мора да се почитува во овој конфликт“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
„Тие продолжуваат да додаваат болни вести за невини луѓе убиени и повредени во Украина и Русија.
Трагичните епизоди продолжуваат, всушност, се множат, предизвикувајќи зголемен број цивилни жртви, вклучително и деца. Соочени со толку многу болка, повторно го упатувам мојот искрен апел за почитување на хуманитарното право и за прекин на нападите врз цивилни цели од двете страни. Војната само раѓа уште повеќе војна и предизвикува огромно страдање“, рече папата Лав Четиринаесетти.
Фото: МИА







