Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за нова вицегувернерка на Народната банка
Македонија

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за нова вицегувернерка на Народната банка

септември 2, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието денеска во рамки на 121. пленарна седница ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, беше изгласана потребата за носење на дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и на 45 други измени и дополнувања на закони со кои се врши усогласување со Законот за високи раководители и се носат по скратена постапка.

Предлогот Хасани Синани да биде вицегувернер на НБРМ го образложи гувернерот Трајко Славески, кој кажа дека таа е истакнат банкарски професионалец, посочувајќи на детали од нејзината професионална биографија.

Со дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, по скратена постапка, како што образложи пратеницкот Жан Дрвошанов се предвидува рокот за склучување договори за инвестиции да биде продолжен до 4 септември, анекси на договорите наместо до 31 јули да може да се склучуваат до 11 септември, а исплатата на државната помош наместо до 31 август да биде до 23 октомври. Пратениците денеска ја изгласаа потребата за носење на овој закон, по што тој, пред да се врати пред пленумот, мора да го помине филтерот на матичните комисии.

Пратениците ги изгласаа законите за ратификација на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија во врска со соработката во областа на одбраната и на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната.

Пратениците ја усвоија потребата за носење на повеќе закони по скратена постапка со кои се врши усогласувања со Законот за високи раководители. Станува збор за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за државната статистика, на Законот за Царинската управа, на Законот за јавните набавки, на Законот за метрологијата, на Законот за стоковните резерви, на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за Управата за јавни приходи, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за Централен регистар, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, на Законот за безбедност на храната, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Законот за Регистар на задолжително социјално осигурување, на Законот за класифицирани информации, на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за вештачење, на Законот за катастар на недвижности, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за рамномерен регионален развој, на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, на Законот за управување со кризи, на Законот за заштита и спасување, на Законот сигурност во железничкиот систем, на Законот за управната инспекција, на Законот за архивски материјал и архивска дејност, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за административни службеници, на Законот за животната средина, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за инспекцијата на труд, на Законот за извршување на санкциите и на Законот за внатрешната пловидба.

Претседателот на Парламентот Африм Гаши на почетокот на седницата сопшти дека Владата го информирала Собранието дека д-р Кирил Јовановски, комисионер, надворешен член на Комисијата за хартии од вредност поднел оставка.

На дневен ред на 121. седница се и Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, Предлог на национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

актуелно арљинда вицегувернерка Народна банка синани собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.