Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
СВЕТ

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

септември 24, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската унија до 24 декември 2026 година треба да им овозможи на граѓаните најмалку еден сертифициран дигитален паричник за чување лични документи и други податоци. Досега системот е воведен само во три земји членки, иако подготовките се одвиваат низ целата Унија.

Дигиталниот паричник ќе биде бесплатен, а корисниците во него ќе можат да чуваат национална лична карта, возачка дозвола, дипломи, податоци за здравствено осигурување и банкарски податоци.Една од главните предности е можноста граѓаните сами да избираат кои информации ќе ги споделат. На пример, при проверка на возраста ќе може да се потврди дека лицето е полнолетно без да се открие датумот на раѓање или други податоци од личната карта.

Системот предвидува и механизми за заштита на приватноста, меѓу кои спречување на поврзувањето на различни трансакции со истиот корисник, како и ограничување на можноста издавачот на документот да следи каде и за која цел се користи.

Користењето на дигиталниот паричник ќе биде доброволно, а физичките лични карти, возачките дозволи и останатите документи ќе продолжат да важат.

Меѓу земјите членки има значителни разлики во динамиката на воведување. Италија е меѓу земјите што најмногу напредувале, со речиси осум милиони активни корисници месечно. Германија планира да го воведе системот во јануари 2027 година, додека Холандија го одложила почетокот за крајот на истата година. Бугарија сè уште работи на потребната законска рамка.

Во пилот-проектите финансирани од ЕУ учествувале околу 350 организации, при што биле издадени повеќе од 1.500 дигитални потврди и реализирани над 8.000 прекугранични трансакции.

Компаниите во ЕУ ќе мора да го прифаќаат европскиот дигитален паричник најдоцна до 24 декември 2027 година, додека за банките оваа обврска ќе започне уште во јули 2027 година.

Организацијата за заштита на дигиталните права EDRi, сепак, изразила загриженост околу дел од предложените правила, особено можната употреба на технологија за препознавање на лице и одредби за кои смета дека би можеле да ја намалат заштитата на приватностa.

актуелно дигитален дипломи документи ЕУ идентитет лични
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.