Сите анализирани примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 13 до 16 октомври зел вкупно 320 примероци вода од 47 мерни места во градот. Од нив, 160 примероци биле наменети за физичко-хемиска, а 160 за микробиолошка анализа.
Според добиените резултати, сите примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 183/18.
Со објавувањето на неделниот лабораториски извештај, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје има цел да ја подобри информираноста на граѓаните за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.







