Актуелната претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, победи во вториот круг од претседателските избори, покажаа денес речиси конечните резултати на Централната изборна комисија, објави британската агенција Ројтерс.
Така Јотова стана првата избрана жена на чело на државата, а изборите се одржаа со ниска излезност на гласачите.
По обработката на 99,95 проценти од гласовите, Јотова освои 57,58 проценти од гласовите, или околу 1,1 милион гласови, додека противкандидатот Андреј Ѓуров доби 39,47 проценти, или околу 749.500 гласови во вториот круг од претседателските избори.
Урсула фон дер Лајен ѝ честиташе на Илијана Јотова за победата
Околу 2,95 проценти од гласачите се одлучија за опцијата „Не поддржувам никого“.
Јотова беше потпретседател на државата додека Радев беше претседател (2017-2026), а таа ја презеде функцијата претседател во јануари оваа година, кога тој поднесе оставка, со цел да учествува на парламентарните избори на 19 април.
Вториот круг следеше по првиот круг одржан на 25 октомври, во кој ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство за победа.







