Фото: Screenshot/Youtube/News 19 WLTX
Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни во две сојузни држави – Тексас и Оклахома.
Ќе биде погубен татко од Тексас кој во 2003 година им ги отсекол главите на три мали деца. Ова злосторство длабоко ја потресе заедницата во близина на границата меѓу САД и Мексико.
Ќе биде погубен татко од Тексас кој во 2003 година им ги отсекол главите на три мали деца. Ова злосторство длабоко ја потресе заедницата во близина на границата меѓу САД и Мексико.
Во Оклахома, исто така, е предвидено погубување со смртоносна инјекција на осуденик кој го убил поранешниот сопруг на жената со која бил во врска.
Во САД, до крајот на оваа година би можело повторно да има повеќе од 40 погубувања, во време кога прашањето за смртната казна повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста.
Минатата недела, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, најави дека ќе преиначи стотици смртни казни пред да ја напушти функцијата. Според експертите, тоа би било најголемото масовно помилување во американската историја.
Извор: Данас







