Али Ахмети, лидерот на ДУИ, денеска во Вашингтон остварил средба со делегација на Атлантскиот совет на која што разговарале за ситуацијата во Македонија и за пријателството помеѓу САД и Македонија, информираат од партијата.
Ахмети на средбата потенцирал дека САД биле и ќе останат партнер на Албанците, на нашата земја и на регионот, и затоа и соработката со американските власти во Македонија и во САД ќе продолжеле.
„Ја изразив мојата длабока благодарност за сите наши пријатели во меѓународната заедница, а особено ја истакнав големата и безрезервна поддршка за американската администрација во Скопје и во Вашингтон, нагласувајќи ја клучната улога и нашата искрена и тесна соработка кон остварување на заедничката цел, демократско општество интегрирано во вредностите на евроатланската заедница“, рекол Ахмети на средбата, се наведува во партиското соопштение на „интегративците“.







