Емиграциската полиција на САД соопшти дека нивните агенти оваа недела упаднале во домови и работни места во Атланта, Чикаго, Њујортк, Лос Анџелес, Северна Каролина и Јужна Каролина и уапсиле неколку стотици мигранти главно од Јужна Америка, но и од арапските земји.
„Зборуваме за луѓе кои се закана за јавната безбедност или закана за интегритетот на емиграцискиот систем“, изјави Џулијан Кристенсен од Министерството за внатрешна безбедност, укажувајќи на тое дека повеќето се стопански сериозни криминалци, вклучувајќи и некои кои се осудени за убиство или насилство во семејството.
Трамп вети дека ќе депортира дури три милиони илегални мигранти со криминално досие.







