Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворен центар за целосен третман на децата со посебни потреби
Локално

Отворен центар за целосен третман на децата со посебни потреби

февруари 16, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Гевгелија е отворен Центарот за деца со посебни потреби наменет за индивидуална работа и третмани со децата со посебни потреби од градот и околните општини.

Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби.  Активностите на Центарот вклучуваат: програма за рана интервенција во сензорнa соба, терапевтска соба за физиотерапија, окупациона програма за подобрување на животните вештини и работното оспособување преку повеќе работилници, социо-едукативни активности за поддршка на родителите, активности за градење капацитети и развој на стручните лица од центарот и активности за социјална инклузија со деца со типичен развој.

Центарот е дел од проектот „HUBilities – Основање на Центар за лица со посебни потреби во Гевгелија”, финансиран од Реновабис и Каритас Италија, а спроведен од апостолскиот егзархат во Македонија, „Националната Алијанса за лица со посебни потреби – Гевгелија“ и Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија

Објектот го освети скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. “Овој дом ќе биде полн со љубов, ние ќе им помогнеме на децата на кои тоа им е неопходно. Овде никој не беше вклучен за пари, туку секој имаше љубов, оти љубов е кога живееш за другите. Радосни сме што ве имаме драги деца. Затоа го молиме господарот на животот да ве направи среќни”, истакна Стојанов.

Свое обраќање пред присутните имаше имаше и Амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео Италија, кој меѓу другото кој изрази задоволство поради отворањето на еден ваков Центар.

“Мене ми е драго што во еден ваков убав град се отвора толку значаен центар. Центар во кој ќе напредуваат децата. Ме радува фактот дека за реализација на овој проект се вклучени повеќе меѓународни и домашни фактори, како државни, така граѓански, што само упатува на заклучокот дека сите чинители во општеството мора да се вложиме за да си помогнеме”, потенцираше Ромео.

Драги Хаџи Николов од советот на општина Гевгелија истакна дека општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви проекти, затоа што како што рече, тие се значајни за заедницата.

“Ние уште на самиот старт препознавме дека ова е одлична идеја и добар проект за да ги вклучиме децата со посебни потреби во социјално-економските текови”, рече Хаџи Николов.

Центарот ќе работи со 30 лица со различни попречености. За корисниците кои ќе бидат вклучени во повеќе активности на Центарот ќе има обезбеден превоз од нивните домови. Она што го прави единствен овој Центар е индивидуалниот пристап кон корисниците, честите индивидуални часови со стручните лица, програми кои вклучуваат успешни и признати светски методи со докажани резултати и успеси во работењето со децата со посебни потреби, работењето на животните вештини и работното ангажирање најрано што е можно и фокусирањето на способностите и интересите на корисниците.

Вкупниот износ на проектот е 290.000 евра и ќе се реализира во наредните три години. Апостолскиот егзархат во Македонија за да го реализира овој проект во изминатата година побара и доби донација од Италијанската Бискупска конференција за купување и адаптација на објектот во кој ќе биде сместен Центарот.

 

актуелно Аполонија Гевгелија деца посебни потреби
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.