Предупредување од Вашингтон, но и преку американскиот државен секретар, за режимот на Ким Јонг Ун. Новиот лидер на Соединетите Американски Држави смета дека Пјонгјанг со години си поигрува со Америка
Од државите кои американскиот претседател Џорџ Буш ги сврсти во „осовина на злото“, Северна Кореја е сега, откако во Белата куќа се досели Доналд Трамп, сврстена во прва земја на листата на оние кои се на мета на Вашингтон.
Недолго откако новиот американски државен секретар Рекс Тилерсон во Јужна Кореја рече дека можеби ќе бидат неопходни превентивни воени акции против Северна Кореја, се огласи претседателот Трамп:
„Северна Кореја се однесува многу лошо. Тие со години си „играат“ со САД. Кина слабо помага!“, напиша Трамп на „Твитер“.
Пораката стигна извесно време по говорот на Тилерсон за можни воени акции против Пјонгјанг, ако заканите во врска со програмата за вооружување на Северна Кореја достигнат ниво „за кое САД веруваат дека бараат акција“.
Тилерсон после обиколката на границата на Јужна и Северна Кореја, каде што се наоѓа и американска база, прецизираше дека „сите опции се на маса“. Додаде дека САД не сакаат воен судир, но ако Северна Кореја продолжи со акциите кои ги загрозуваат Јужна Кореја или САД, ќе се соочат со „конкретен одговор“.
Новиот државен секретар напомена и дека се работи на широк опсег на нови дипломатски и економски мерки. Меѓу нив, меѓутоа, посебна напнатост предизвикува американскиот одбрамбен штит „THAAD“ во Јужна Кореја, на кој се противи Кина.
Тилерсон го бранеше американскиот систем, додека Јужна Кореја тврди дека тој е вперен кон Северна Кореја.
Во Сеул Тилерсон пристигна од Јапонија, каде истакна дека 20-те години напор Северна Кореја да се убеди да се откаже од нуклеарните амбиции не вродиле со плод. Во меѓувреме, Пјонгјанг изведе низ ракетни проби, најавувајќи дека тие се блиску до моментот да изведе напад со атомски проектили кои можат да достигнат до територијата на САД.
Кинески фактор
Следната станица на Тилерсон е Кина, од која САД од порано очекувале помош во запирање на севернокорејскиот режим.
Трамп, меѓутоа, Кина сега се почесто ја нарекува „непријател“.
Од своја страна, Пекинг не само да се противи на американскиот антиракетен систем поставен во непосредна близина на тлото на најмногубројната земја, туку во последно време превзеде и низ економски акции против Сеул, на кои Вашингтон не гледа благонаклонето.







